Ѕирнете во најлуксузните лондонски апартмани (фото)

Еден од најскапите градови во светот е доказ дека може да понуди буквално сѐ што парите можат да го купат. Со вртоглава цена од 18 000 фунти за едно ноќевање, туристичката услуга на овој град се крева на едно многу повисоко ниво.

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-01

Пентхаус од соништата, луксузни апартмани, кралски апартман кој се простира на 456 метри квадратни, приватен спа центар, сопствена винарија во која има исклучиво ексклузивни вина кои вредат илјадници фунти.

Ви го привлековме вниманието? Ѕирнете одблиску во најслуксузните лондонски апартмани:

Shangri-La Shard Penthouse

Еден од најисчекуваните хотели, своите врати ги отвори пред само неколку дена. Сите заинтересирани за едно преноќување ќе треба да одвојат 14.000 фунти. Главниот апартман кој се наоѓа на 39-от кат се протега на 188 метри квадратни и е најлуксузно опремен, со рачно изработен мебел и мермерна бања.

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-02

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-03

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-04


Corinthia London - кралскиот апартман

Не постои хотел во Лондон кој би можел да биде конкуренција на хотел Коринтиа, особено не на овој кралски пентхаус. Ова ексклузивно престојувалиште нуди незаменлив поглед кон Биг Бен, катедралата Св. Паул, Лондонско Око и кон реката Темза. Кралскиот пентхаус поседува сопствен спа-центар, винарија и внатрешен лифт кој ги спојува двата ката на кои всушност се протега.

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-05

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-06

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-07


Corinthia London - музичкиот апартман

Во хотел Коринтиа, освен кралскиот пентхаус ќе пронајдете и таков посветен исклучиво за музичари и писатели. Музичарскиот пентхаус уреден е на тој начин што има големо пијано, додека пак писателскиот дава впечаток на литературен клуб. Се протега на 230 метри квадратни и на 2 ката поврзани со лифт и скалила. Едно ноќевање ќе ве чини „само“ 4.500 фунти.

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-08

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-09

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-10


Café Royal - апартманот Dome

Најголемиот од 6-те апартмани кои ги отвори Café Royal, се протега на 206 метри квадратни и буквално дише rock 'n' roll дух. Располага со врвна музичка опрема, па неретко токму овој апартман е изнајмуван од големите музички имиња. Во дневната соба доминира големата софа, како и огромен кино проектор. Цената за едно ноќевање е околу 5.000 фунти.

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-12

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-11

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-13


The Wellesley Penthouse 1

На 310 метри квадратни сместени се 2 спални соби, 2 бањи со Hermès производи и голема просторија идеална за состаноци или приватни вечери до 8 лица. Гостите во цената од 11.500 фунти за ноќ, на располагање имаат и приватен возач.

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-14

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-15

zirnete-vo-najluksuznite-londonski-apartmani-foto-16

Би можело да ве интересира:

Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...
Меана во Велес е како сцена од Македонските народни приказни - суви пиперки, карирани чаршафи (фото) Среде овој уникатен, винтиџ локал има дури и дрво. Вистинска сцена од Македонски...
Стан во Гостивар со природна елка е како сцена од празнична бајка (фото) „Оваа година се одлучив за природна елка со ситни лампиони. Дома секоја година н...
Најмагично украсени локали низ Македонија: Спектакуларни елки, сијалички, мечиња Ако сакате да посетите место кое потсетува на новогодишна бајка, каде треба да п...
Предлог места во Македонија за продолжен викенд (каде може и да преспиете) Продолжените викенди се посебен тип на уживање, зарем не? Особено ако ги минеме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg