Одмор од фантазијата: Хотелски соби во облик на вази
- Детали
- среда, 21 мај 2014
Возбудливо и за неверување, овој невообичаен хотел се наоѓа во јужна Кореја и е доказ дека овие луѓе навистина знаат како да привлечат туристи.
Станува збор за колекција од шест летни куќи, кои се направени според корејските традиционални вази. За една ноќ во овие соби, односно гигантски вази, ќе треба да одвоите 77 долари.
Инаку, вазите се традиционални сувенири во Кореја кои се изработуваат од глина, па потоа се печат и дизајнираат.
Со прекрасен поглед кон Жолтото Море, впечатлив и интересен дизајн во кој сите соби се заоблени, овој хотел е навистина голем предизвик за авантуристите.
Прекрасно пресликување на корејската култура и традиција:
Би заминале ли во овој хотел на одмор од фантазијата?