Цветови во форма на черепи, балерини и гулаби: Најнеобичните цвеќиња во светот
Цвеќињата со нивните светли бои и уникатни форми претставуваат вистинско чудо на природата.
Тие прават светот да биде прекрасно место. Било да се работи за роза или орхидја, цвеќињата понекогаш делуваат магично.
Ова се некои од најнеобичните цвеќиња во светот:
Срцето кое крвари
Овој цвет потекнува од фамилијата на афиони, а наликува на срце со капка под него. Ова е причината зошто го добило своето име. Може да се пронајде во Сибир, северна Кина, Кореја и Јапонија.
Балерина oрхидеja
Овој цвет расте во Австралија.
Змејски цвет
Може да се најде во карпестите предели на Европа, Америка и Северна Африка. Овој цвет се нарекува змејски цвет. Убавите цветни листови личат на лице на змеј, но кога листовите ќе овенат и паднат останува семе кое личи на череп. Античките култури верувале дека овој цвет имал натприродни моќи.
Гулаб орхидеја
Овој цвет расте во Јужна Америка, Панама, Тринидад и Коста Рика. Внатрешната структура на цветот потсетува на гулаб.
Орхидеја гол човек
Се нарекува и италијанска орхидеја, благодарение на регионот во кој расте во голема бројка.
М. А. | Црнобело