Пролетни совети за градината од Горѓи Самарџиев - Градинарски центар ФОЈА

Кога дворот доаѓа на дневен ред, а по „некоја случајност“ тоа е секоја пролет, најчесто се прашуваме: Што да засадам? По кој распоред да ги посадам растенијата? И сето тоа со желба дворот да ни биде убав?!

proletni-soveti-za-gradinata-od-gorgi-samardziev-gradinarski-centar-foja-01.jpg

Уредувањето на еден простор со растенија наспроти градежните материјали има многу предности и недостатоци.

На пример: Оградата од камен еднаш се прави, убаво изгледа, многу долго трае и не бара одржување. Но, нема никојпат да порасне, а уште помалку да расцвета!

Постојат повеќе едноставни решенија како зеленилото во дворот да изгледа убаво.

Во овој случај ќе Ви презентираме еден стар вообичаен зелен елемент, ниската жива ограда - бордура!


Каде се користи и каков ефект создава:

Ниската жива ограда е многу моќен декоративен елемент во пејзажното уредување. Традиционалните Англиски и Француски формални градини се втемелени на формите од ниска зимзелена жива ограда. Подигната покрај патеки, по рабовите на тревниците или по ивиците на цветните леи. Зимзелената бордура повеќекратно ги назначува, ги акцентира зелените или други површини.

Затоа е важно да се одбере кој дел од дворот сакаме посебно да го истакнеме. На пример ако ја одбереме влезната патека во дворот, тогаш бордурата се подигнува симетрично од двете страни и дополнително во тој случај силно се назначуваат две фокусни точки врата на куќата, челната фасада и гледано обратно влезната порта во дворот.

Бордурата е универзална и подеднакво добро се вклопува во симетрични и во неформални природни пејзажи. Ефектот на зелена рамка оддава впечаток на уредена, негувана градина. Леа со ружи, или пак со разновидни цветни перени, „спакувана“ со бордура делува аристократски. Како машна на кошула!

Некојпат се прават грешки сакајќи да сокриеме некоја подигната шахта, или руина садејќи ниска бордура покрај неа, дополнително ја потенцираме и имаме спротивен ефект, наместо да ја покриеме, ја истакнуваме.

proletni-soveti-za-gradinata-od-gorgi-samardziev-gradinarski-centar-foja-02.jpg

Кои видови растенија се погодни за ниска зимзелена бордура?

Видовите на зеленика (шимшир) Buxus sempervirens, Buxus sempervirens Pumila Nana.

Спорорастежни, густи, поднесуваат кроење, издржливи.

Lonicera nitida, L. (pileata)

Berberis spp.

Santolina spp.

Pinus mugho Pumilio, Nandina firepower, Lavandula, Rozmarin и други за природна, неформална бордура.

proletni-soveti-za-gradinata-od-gorgi-samardziev-gradinarski-centar-foja-03.jpg

За повеќе информации и прашања посетете ја Фејсбук страната на ФОЈА.

Би можело да ве интересира:

Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Раскошни растенија за балкон – овозможуваат приватност и трпат сонце Покрај убавиот мирис, лавандата е одбивна за некои инсекти, а бидејќи расте како...
Одгледување бонсаи во 6 чекори - доволно едноставни и за неискусни Одберете вид на дрво кое расте бавно, не претерувајте со наводнување и повремено...
Во дворчето на Ангелина и Перо во Дојран: Соларни пеперутки и фонтана за уживање на пролетното сонце Ангелина и Перо Митаноски од Дојран, љубовта кон уредувањето на ентериерот и екс...
Дворче во Стојаково со многу природно зеленило и поглед кон зајдисонце - вистински рај за очи Сардели, љубичици, петунии, дрвца и многу природно зеленило ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg