Билки кои ги одбиваат инсектите од вашиот дом
Дали знаете дека постои начин истовремено да ја украсите вашата тераса или двор и да се заштитите од комарците и другите здодевни инсекти?
Насадете ги овие билки блиску до вашата врата или прозорец или во вашиот двор на местото каде што најмногу време поминувате.
Погледнете кои билки ќе ви го разубават дворот, но и ќе ви обезбедат заштита од инсектите, а истите можете да ги пронајдете во сите билни аптеки:
1. Невен - Има специфичен мирис и истиот спаѓа во групата најважни билки кои ги одбиваат сите инсекти, а посебно комарците. Невенот посадете го блиску до вашиот прозорец или влезната врата за да ги спречите комарците да влезат во вашиот дом.
2. Валеријана (мачкина трева) - Истражувањата покажале дека токму оваа трева е десет пати поефикасна од сите хемиски средства наменети против комарци и останатите инсекти. Посадете ја на местото каде што најмногу се собираат комарците. Доколку имате мачка не ја садете на место кое што таа би можела да го дофати, бидејќи мачките уживаат во овие билки и ги јадат, па на тој начин можат да го уништат вашиот труд. Насадете посебно растение само за вашиот миленик.
3. Рузмарин- Прекрасна билка со специфичен мирис која честопати ја користиме како зачин за повкусна храна, но таа има уште една употреба. Рузмаринот е одличен за бркање на комарците и мувите, а со својот мирис ги привлекува пеперутките.
4. Босилек - Исто како и рузмаринот, босилекот може да употребува во кујната. Ова растение ги брка особено комарците, а потоа и другите инсекти. Насадете го во саксија или директно во земја, блиску до вашите прозорци и врати и ќе имате мирно лето, без здодевните инсекти.