Направете сами: Романтични декорации со стара тантела

Одамна веќе не се користат рачно изработените миленца кои порано служеле за декорација на масите, каучите или како подароци за во домот.

napravete-sami-romanticni-dekoracii-so-stara-tantela-01

Не треба да ги фрлиме, ниту да ги уништиме, но не мора само да ни ги полнат фиоките и орманите, ако имаме интересни креативни идеи со кои можеме да ги промениме и искористиме во модерното секојдневие.

Овде се неколку идеи како да им дадете свежина и убавина на вашите стари работи, без да трошите пари за да купите нешто слично фабрички изработено, кое можеби многумина го имаат.

Вака ќе имате одлична забава во вашето слободно време и оригинални изработки.

Свеќници

Можат да бидат во различни големини и различни видови. Потребно е да искористите некои стари стаклени чашки и теглички.

Од тантелата којашто ја имате исечете поширока трака колку што е висока чашата или теглата а во должина според ширината колку што треба да ја обложите.

Добро би било да внимавате на линиите и шарите за да имате целина во декорацијата.

Штом ја исечете лентата, зашијте ги двата краја, така што ќе направите обвивка низ која ќе ја протнете чашката, односно теглата. Ставете внатре една свеќа-пловка и запалете ја.

Ќе добиете интересен и романтичен изглед.

napravete-sami-romanticni-dekoracii-so-stara-tantela-1

napravete-sami-romanticni-dekoracii-so-stara-tantela-2

Бележник

Вашиот стар бележник, некоја тетратка или тефтер, можат да добијат интересен изглед и дизајн, кој денес може да го купите и низ продавниците, но зошто да не се забавувате и да си го направите слободното време интересно.

Потребни ви се ножици, спреј и селотејп. Исечете тантела доволно за да го обложите бележникот, од внатрешната страна зацврстете ја со селотејпот, а потоа испрскајте ја со спрејот.

Оставете да се исуши и одлепете ја тантелата. Целиот нејзин дизајн ќе остане ископиран на кориците од бележникот. Можете да си играте и со спрејови во различни бои.

napravete-sami-romanticni-dekoracii-so-stara-tantela-3


Саксии и чинии

Вашите саксии во дворот и чиниите на трпезата за гости, не мора да бидат исти како оние на соседите.

Со малку креативност можете да им дадете нов и интересен изглед. Исечете ленти со различни димензии и дезени од вашите миленца, стари завеси или прекривки и со помош на дрвофикс или некое друго позацврстувачко лепило, залепете ги на дел од чиниите или обложете ги цели саксии.

napravete-sami-romanticni-dekoracii-so-stara-tantela-4

napravete-sami-romanticni-dekoracii-so-stara-tantela-5


Чанта

Бидете сами дизајнери на своите чанти. Тантелата е сè уште во мода. Може на некоја стара, излитена чанта да ѝ залепите некој дизајн на тантела или пак да направите целосно нова едноставна плик-чанта.

Купете околу половина метро материјал од скај, кожа или некој кој вам ви се допаѓа, но да биде поцврст, за да може да го задржи обликот, еден патент и лепило.

Старата тантела може и да ја обоите, ако сакате да ви одговара на некоја посебна комбинација. Материјалот преклопете го и зашијте го од внатрешната страна, а претходно зашијте го и патентот.

Откако ќе го добиете бараниот облик, премачкајте го со лепило и обложете го со тантелата. Ќе добиете одлична модерна чанта.

napravete-sami-romanticni-dekoracii-so-stara-tantela-6

Би можело да ве интересира:

Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Славица од крушевско изработува расцветани дрвца од гранки: „Сакав да им дадам нов живот“ Со цветните креации на Славица од крушевско Свети Митрани цела година во нејзино...
Нолина – собно цвеќе со уникатно стебло кое не бара големо внимание Со нејзиниот изглед потсетува на палма, но, всушност, нолината им припаѓа на сук...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg