Прозорите ги чистите кога е сончево и уште 7 домаќински грешки кои ги правите по дома
Сакајќи да ги „светнете“ веројатно и вие ги чистите прозорите само кога е сончево. Но, зошто ова е погрешно?
Ова се 8 работи кои сигурно и вие ги правите погрешно, но кога некој ќе ви ги објасни, ќе сфатите дека има логика да ги правите поинаку:
1. Ги чистите стаклата, па потоа рамките на прозорите
Кога ги чистите прозорите, важно е да запаметите дека рамките се местото каде се собира нечистотијата. Затоа, прво исчистете ги рамките од прашината со рачна или обична правосмукалка, па потоа чистете го стаклото со соодветни средства.
2. Ги чистите прозорите само кога е сончево
Директната сончева светлина само непотребно остава траги и флеки по површината, кога водата помешана со средства ќе се исуши.
Затоа, најдобро е да ги чистите прозорите кога времето е облачно и нема директно „печење“ од сонцето.
3. Ги соблекувате чевлите внатре во ходникот
Хигиенски е да ги оставите чевлите во ходникот, но уште попаметно е да ги соблечете надвор, пред врата, па да ги внесете носејќи ги во рацете.
На тој начин ниту 1% од нечистотиите не ви влегуваат дома.
4. Прво чистите со правосмукалка, па после прашина
Најпаметно е прво да ја исчистите прашината од површините и предметите, па остатокот кој ќе падне на земја, на крај да го соберете со правосмукалката.
5. Правосмукалката ја движите во еден правец
Професионалците за чистење препорачуваат правосмукалката да ја движите во сите можни правци, за најдобро да ги соберете сите нечистотии.
6. Ги оставате завесите и ролетните отворени кога има сонце
Секако дека сите сакаме дневна светлина, но ако сте на пример на јужна страна, силните сончеви зраци може сериозно да го оштетат мебелот. Најдобро е да го поместите мебелот за да не биде изложен на директна сончева светлина, барем додека завесите или ролетните се отворени. Или користете ја дневната светлина во периоди кога сонцето не е толку силно.
Секако дека ова не значи дека ќе се оштети целиот мебел, но има многу случаи кога сончевата светлина влијаела на тоа. Ова важи во случаи кога светлината директно влегува во собата и пече во одреден дел од мебелот.
7. Погрешно го позиционирате чергичето пред врата
Чергичката пред врата секогаш треба да биде бариера за ѓубрето да не ви влезе дома. Затоа, најдобро е да го поставите вертикално, иако досега сте го местеле хоризонтално во линија со вратата.
8. Чистите под вештачко светло
Нечистотиите секогаш подобро се гледаат на дневна, природна светлина. Ако чистите под неприродна светлина, никогаш нема темелно да исчистите прашина.
М. Д. | Црнобело