Водич за организација во домот – што да фрлите, што да донирате, а што да зачувате?
Што да складирате?
Сезонски декорации. Веројатно дома имате новогодишни украси кои, се разбира, не ви требаат во текот на целата година. Новогодишните, но и сите други сезонски декорации, спакувајте ги во кутии и ставете ги во подрумот, во гаражата или каде било во домот каде што ќе бидат безбедни, а нема да ви пречат.
Сезонска облека. За да создадете ред во гардероберот, внатре нека ви стои само облеката што ви е потребна за таа сезона. Во лето сигурно нема да носите дебели џемпери, па зошто да не ослободите простор? Сезонската облека можете да ја складирате во кутии, посебни вреќи за складирање, па дури и во куфери.
Што да зачувате?
Предмети со сентиментална вредност. Ако имате предмети што ви значат, најдобро би било да ги чувате. А, можете да ги искористите и за декорирање на домот. Ако, на пример, чувате многу фотографии, зошто да не украсите еден ѕид со нив?
Сè што ве прави среќни. Без разлика дали е облека, украс, па дури и некој продукт за шминкање, штом нешто ве прави среќни, чувајте го, дури и ако не го употребувате. Кога ќе се ослободите од другите работи што не ви требаат, неколку предмети што ве прават среќни нема да создадат неред во домот.
Спирова С. | Црнобело