Водич за организација во домот – што да фрлите, што да донирате, а што да зачувате?

Кога во домот имате безброј предмети, облека и апарати што воопшто не ги ни користите, просторот речиси секогаш ќе изгледа неуредно.

ednostaven-vodich-za-organizacija-vo-domot-shto-da-frlite-shto-da-donirate-a-shto-da-zachuvate-01.jpg

За да го избегнете нередот, мора да направите некаква организација во домот. Односно, треба да одредите што е за фрлање, што можете да донирате, што треба да складирате за во иднина, но и што да зачувате.

Во продолжение можете да погледнете едноставен водич што ќе ви помогне во ова:

Што да фрлите?

Намирници со истечен рок. Добро проверете ги шкафчињата во кујната и фрлете ги сите прехранбени продукти со истечен рок. Зачини, тестенини, чаеви – исфрлете буквално сè што веќе не е добро за јадење. Истото направете го и со фрижидерот, а и со козметиката.

Весници и списанија. Ако немате некоја конкретна причина зошто ги чувате старите весници и списанија, тогаш најдобро фрлете ги. Ако, на пример, чувате цело списание само поради еден рецепт, многу поедноставно е да ја зачувате само страницата со рецептот или секако, да го сликате со телефон.

ednostaven-vodich-za-organizacija-vo-domot-shto-da-frlite-shto-da-donirate-a-shto-da-zachuvate-02.jpg

Стари сметки. Добро е да ги чувате сметките отприлика 15-30 дена колку што отприлика важи рокот за замена на нештата, но оние од пред 5-6 месеци веројатно нема да ви требаат.

Стари продукти за шминкање. Сигурно имате барем еден кармин што е многу стар, но никако не го фрлате. Шминките најчесто траат околу една година откако ќе ги отворите, па фрлете сè што е постаро од тоа.

Предмети кои некогаш биле во пар. Ако долго време чувате некој чорап со надеж дека ќе се појави другиот, најдобро ослободете се од него. Направете го ова за сите предмети кои треба да се во пар, како обетки, ракавици и слично.

ednostaven-vodich-za-organizacija-vo-domot-shto-da-frlite-shto-da-donirate-a-shto-da-zachuvate-03.jpg

Што да донирате?

Зачувана детска облека. Нормално е да сакате да задржите некои парчиња облека што ги носело вашето дете, но сигурно не ви се потребни сите. Ако имате детска облека која е добро сочувана, добро би било да ја донирате.

Стара постелнина, перници и ќебиња. Слично како со облеката, ако имате перници, ќебиња и постелнина што не ги користите, но се во колку-толку добра состојба, најдобро е да ги донирате.

ednostaven-vodich-za-organizacija-vo-domot-shto-da-frlite-shto-da-donirate-a-shto-da-zachuvate-04.jpg

Уреди што не ги користите. Можеби сте си купиле апарат за вафли, но ви станало јасно дека никогаш нема да го користите. Па, наместо да ви зафаќа место, дајте ѝ го на личност што навистина ќе го користи. Ова важи за секакви уреди што веќе не ви се потребни – стар лаптоп, стар смартфон, пегла, фен за коса…

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg