Чудни третмани за коса

По информациите за чудните состојки во кремите, време е за несекојдневните, разните третмани за негување на вашата коса. Колку се тие навистина...

 

...делотворни?!

ПИВО

Ова е многу старомодна метода. Вистина е дека ако косата ја измиете со пиво и откако таа ќе се исуши ќе има повеќе волумен и тежина , меѓутоа ќе се шетате наоколу мирисајќи на пијаница. Исто така, ова е многу скапа метода за нега на косата.

cudni-tretmani-za-kosa1

ДОЖДЕЦ

Дождецот е мека вода, за разлика од многу тврдата вода која се добива од чешмите. Пред да се појават модерните шампони, тој им служел на луѓето за омекнување на косата, меѓутоа денешните добри шампони ја вршат својата работа одлично и покрај тврдоста на водата.

МАСЛИНОВ ЗЕЈТИН

Освен ако зејтинот не го помешате со вода во хомогена смеса и не го нанесете исклучиво на врвовите, тој ќе се залепи само на површинскиот слој на косата и ќе изгледате како некаде да ве фатило дожд.

ОЦЕТ

Во секој случај, колку покисела е вашата коса, толку поглатка изгледа. Негативна страна на оцетот, како и кај пивото е непријатниот мирис, а додатно на тоа е дека доколку ставите повеќе оцет во водата за измивање постои веројатност да ја оштетите косата.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Антиоксидантите во зелениот чај можат да ја одржат косата во добра состојба и  е посебно делотворен кај мажите зашто ензимите кои ги содржи помагаат против нејзиното опаѓање.

ЛИМОНАДА

Цитричната киселина во лимонот дејствува како благ обелувач, но ниту еден фризерски салон не би го користела како таков зашто количеството на киселина во лимоновиот сок неможе да се контролира.

ЧАЈ ОД КАМИЛИЦА

Се употребува уште од египетското време за природно боење на косата во жолта боја. Дејствува слично како к'ната која ја бои косата во црвено, но е исто така невозможно да се контролира резултатот заради нерегулираната содржина на пигментот во секоја билка.

КОКА КОЛА

Дава волумен на косата поради содржината на шеќер, но така ризикувате лепливост. Кока кола и оцет не се препорачуваат за луѓе со осетливо теме.

ВОТКА

Како чистиот алкохол, така и вотката ќе го отстрани вишокот на маснотии од главата, но и влагата. Вашата коса ќе биде почиста и посува.

Сподели на

Facebook   
Коментари (8)Add Comment
...
напишано од buli , 02 March 2010
jas go imam isprobano maslinovoto maslo i navistina deluva.Kosata mi bese kako svila.smilies/smiley.gifsmilies/smiley.gif
...
напишано од provereno!!, 27 February 2010
maslinovoto dava super efekti. namackaj ja kosata, cekaj eden sat i so poobilno kolicestvo sampon izmij ja. Melem za suva kosa pred se!!
...
напишано од Rak, 10 February 2010
gluposti
...
напишано од gogo, 09 February 2010
gluposti
...
напишано од fifi, 09 February 2010
i so sea vrska nama nisosmilies/kiss.gif
...
напишано од mone, 08 February 2010
Votka! smilies/cheesy.gif
...
напишано од emii, 08 February 2010
ja sum cula za ocet deka ima efekt
...
напишано од sweety, 08 February 2010
i koe e najdobro od ponudenive?

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 

Онака

" Сите убави чувства на светот тежат помалку од едно дело од љубов. "
Џејмс Расел Ловел (1819-1891)