10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023
Варшава, Полска
Варшава е избрана за една од најубавите дестинации во Европа за 2023 година.
Иако во текот на зимата е студен и прекриен со снег, градот е прекрасен во лето, со температура меѓу 25 и 30 степени.
Главниот град на Полска е поделен на стар и нов град.
Во стариот град доминираат градби од средниот век, па можете да ја истражувате историјата шетајќи по тесните улички и да стигнете до градбите кои се изградени по Втората светска војна.
Тука се и кралскиот замок, црквата Света Ана и претседателската палата – три градби кои мора да ги видите.
Атина, Грција
Иако песочните плажи и острови ви се првата асоцијација за Грција на лето, зошто да не направите нешто поинакво и да ја посетите Атина?
Градот изобилува со историја, но тука е и модерниот дел на градот, шармантните таверни, шопинг центрите, тесните улички, комплексот стадиони од кога Атина ја организираше Олимпијадата, но и плажите кои се во близина на градот.
Атина нуди буквално сè за сечиј вкус.
Азорски Острови, Португалија
Азорските Острови се наоѓаат среде Атлантскиот Океан, на средина помеѓу Европа и Северна Америка.
Иако се оддалечени 1.500km од Европа, тие се дел од Португалија.
Изобилуваат со планински патеки за пешање, плажи, бујна вегетација и се идеално место за опуштен одмор.
Малта
Малиот остров е идеален за летување – нуди прекрасни плажи, многу сонце, забава во вечерните часови, но и места што може да ги посетите преку ден и да се забавувате.
Секој ден поминат на Малта дава можност за нова авантура.
За само неколку дена можете да го истражите целиот остров, да ги запознаете локалните обичаи, да уживате во храната и да се сончате на различна плажа секој ден.
Истанбул, Турција
За да уживате во убавините на Истанбул ќе ви требаат повеќе од 3-4 дена, па затоа можете да испланирате патување до Турција што ќе трае дури и повеќе од една недела.
Истанбул, кој е меѓу омилените дестинации на есен или на пролет, сепак има посебен шарм во лето.
Градот нуди буквално сè за сите. Работи кои не смеете да ги пропуштите се Аја Софија и Сината џамија, Капали чаршија каде што мора да се ценкате ако купувате нешто, да отидете на крстарење, да ги посетите Топкапи, сараите, но и модерниот дел на градот.
И секако, барем еднаш наместо со метро, да седнете во автомобил или такси и да изгубите барем еден до два часа заглавени во градскиот метеж за да стигнете од една на друга дестинација, па така да се чувствувате како локалец.
А. Ј. | Црнобело