14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли?
Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а дамите дека кошулата без ракави мора да ги прекрива рамената. Се придржувате ли до овие бон-тон правила за професионален изглед?
Начинот на којшто се облекуваме на работното место не е само одраз на нашата личност, туку и на културата, вредностите што ги почитуваме, па дури и на нашето расположение.
Изборот на облеката може да ни даде самодоверба и енергија да се справиме со предизвиците што се пред нас, па постојат повеќе правила за облекување што сите културни луѓе ги знаат и се придржуваат до нив.
Погледнете до кои 14 бон-тон правила треба да се придржуваат мажите и жените на работното место за да постигнат беспрекорен и софистициран изглед:
На машкото сако средното копче секогаш треба да биде закопчано
За да изгледате елегантно и формално, доволно е да се придржувате до едно важно правило: Средното копче секогаш треба да биде закопчано, затоа што на тој начин сакото ја следи линијата на телото.
Второ правило е дека најдолното копче никогаш не треба да биде закопчано затоа што може да ви го ограничи движењето и да направи да се чувствувате неудобно.
Најгорното копче може да го закопчате или да го оставите откопчано – сè зависи од тоа како се чувствувате во моментот.
Жените не треба да остават повеќе од две копчиња откопчани на кошулата
Кога носите кошула, целта е таа да ви даде добра форма и да ви помогне да изгледате елегантно. Затоа средното копче треба секогаш да биде закопчано, а откопчани треба да останат двете најгорни копчиња од кошулата.
Ова не е само модно правило, туку и одраз на култура.
Ваквиот начин на облекување укажува дека сте скромна личност со добри манири и ќе ви помогне да не откриете повеќе отколку што треба на работното место или во професионалното опкружување.
Носете најмногу 2 парчиња накит, 3 или 4 се премногу
Кога станува збор за накитот, секогаш треба да имате предвид дека целта ви е да креирате хармоничен изглед со стил.
Најважно правило до кое треба да се придржувате е да изберете обетки што одговараат со белегзијата или ѓердан што е во согласност со прстенот.
На овој начин ќе привлечете внимание само на одредени делови од телото и ќе овозможите накитот да го дополни изгледот, а не да го „собере“ целото внимание.
Врвот на вратоврската треба да завршува до половината
Кога врзувате вратоврска бидете сигурни дека нејзината должина е до половината, и дека ја надминува сосема малку.
Изберете или кратко здолниште или длабоко деколте, а не двете одеднаш
Ако истовремено носите длабоко деколте и кратко здолниште, ризикувате да изгледате премногу провокативно и вулгарно.
Мини здолништето може да биде модерен избор на облека што ги покажува вашите нозе, но добро е да не го комбинирате со премногу отворено деколте.
Таквиот изглед е одличен за во ноќен бар или за излегување, но не и за формални настани.
Ако носите кошула без сако, не ставајте вратоврска
Добро е да знаете кога треба да избегнете одредени делови од облеката за да постигнете неформален и поопуштен изглед.
Со оглед на тоа што вратоврската може да изгледа премногу формално, ако целта ви е да изгледате опуштено, најдобро е воопшто да не ја носите.
Отворот на кошулата не треба да биде подлабок од 10cm
За да изгледате професионално, секогаш треба да имате на ум дека отворот на кошулата што ја носите на работното место не треба да биде поголем од 10cm.
Поголемиот отвор и деколте може да направи да изгледате како недоволно сериозна личност.