Барбара Ракичевиќ со нов сингл - слушнете ја „Доволно зрел“



Барбара Ракичевиќ, која ѝ е позната на јавноста и како ќерка на водителката Мелита, заплива во музичките води минатата година, со нејзината прва песна „Посилно од сè“. Сега младата девојка, која е и водителка, ги израдува фановите со уште еден сингл, насловен „Доволно зрел“. Музиката и текстот се дело на Александар Тарабунов, а видеоспотот е режиран од Зоран Зонде Стојановски.

The HWD Facebook commenting plugin is not published