10 провокативни прашања: како ќе одговорите вие?
Додека секојдневно размислувате за финансиските проблеми, проблемите дома, на работа и на факултет, за своето незадоволство, диетата која треба да ја почнете... разбијте ја монотонијата и одговорете ги овие неколку провокативни прашања, кои ќе ве наведат барем за момент поинаку да размислувате за животот.
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?