Предлог книга: Раџ Кумар - Патот на честа
Приказна за љубовта, лојалноста, интригите и нетрпеливоста, сместена во Саудиска Арабија.
Генералот Фархан ел Балавие е лојален војник во армијата на Саудиска Арабија и посветен татко на својата ќерка Марјам, со чија умешност и слободен дух посебно се гордее. Таа е единственото дете кое му останало во животот. Неговиот постар син умрел, а помладиот го напуштил семејниот дом за да побара поинаков живот во Америка.
Меѓутоа, и покрај својата љубов кон семејството, гордоста кон арапското потекло и приврзаноста кон исламот, Марјам копнее да го продолжи образованието на некој европски универзитет. Кога Фархан ќе реши дека Марјам мора да се мажи за синот на човекот кој му го спасил животот, а за кого е ветена од детството, таа решава да го задуши разочарувањето и да се покори на желбата на нејзиниот татко.
Тогаш ќе го запознае Џо, забар и Американец со еврејско потекло. Тие мечтаат за слобода и заеднички живот. Меѓутоа строгата верска полиција Мутава е се` поблизу до Џо, а кога Марјам ќе открие дека е бремена, нивната тешка и неизвесна борба тукушто започнува.
Сакате да ја добиете оваа книга на подарок?
Регистрирајте се на нашиот форум и испратете ја вашата предлог книга. Во петок (22.06.2012) од сите оние кои дале препорака за книга ќе го избереме добитникот.
Предлозите за книги оставајте ги на форумот на оваа локација:
http://forum.crnobelo.com/threads/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B7%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B8.873/
Информација плус:
Летна кампања во Просветно дело:
ФАТИ СЕНКА И ЧИТАЈ!
Просветно дело на сите вљубеници во убавиот пишан збор им овозможува да го направат својот избор за летно читање со попуст од 30%. Било за под сенка, под климатизер или покрај вода, изберете некој од хит-насловите како Слатки мали лажливки, Озборувачка или Вампирски дневници со супер-попуст од 30%.