Џефри Дамер собирал мртви животни, Тед Банди поставувал стапици: Какво детство имале познатите сериски убијци?
Ед Гејн
Ед Гејн од САД извршил неколку убиства од кои има признаено две, а за седум постои сомнеж дека е одговорен.
Тој имал и навика да краде тела од локалните гробишта.
Кога бил уапсен, било утврдено дека има сериозни проблеми со менталното здравје, поради што бил затворен во психијатриска установа. Починал во установата на 77-годишна возраст.
Ед бил роден во 1906 година и пораснал со екстремно религиозна мајка која го учела дека светот е лош, како и дека сите жени, вклучувајќи ја и неа, се слуги на ѓаволот.
Од Библијата честопати му читала извадоци кои се фокусираат на смрт и убиство.
Со мајка му живееле на фарма која ја напуштал единствено за да оди на училиште.
Тој бил срамежлив, а според соучениците и наставниците отсекогаш бил малку чуден, а неретко знаел и да се смее сам со себе.
Мајка му, пак, не му дозволувала да има пријатели и секојпат кога ќе се зближеl со некого, сурово го казнувала.
Џон Вејн Гејси
Џон Вејн е одговорен за силувањето, измачувањето и смртта на најмалку 33 момчиња и мажи во близина на Чикаго.
Познат е како „кловнот убиец“ бидејќи пред да биде уапсен, настапувал како кловн на разни прослави.
Во 1980 година добил смртна казна, а бил егзекутиран во 1994-та.
Џон бил роден во 1942 година во Чикаго и имал две сестри.
Додека со мајка му бил во добар однос, татко му бил насилен алкохоличар кој редовно го навредувал, но и го тепал.
Во детството, Џон бил сексуално малтретиран од семеен пријател, но не кажал никому бидејќи се плашел дека татко му ќе го обвини дека самиот е виновен.
Имал проблеми со срцето, а во четврто одделение почнал и да губи свест.
Поминал голем дел во болница поради проблемите со здравјето, по што успехот на училиште значително му ослабел.
Татко му, пак, неколкупати го обвинувал дека лаже дека е болен и не престанувал да го напаѓа и критикува.
Харолд Шипман
Харолд Шипман, познат како „ангелот на смртта“ и „доктор смрт“ се претпоставува дека е одговорен за смртта на 250 лица.
Тој бил општ лекар кој ги убивал своите пациенти со смртоносни дози лекови, како морфиум.
Во 2000 година добил доживотна казна затвор, а во 2004-та извршил самоубиство во неговата ќелија.
Харолд бил роден во 1946 година и бил второто од три деца.
Неговите родители биле религиозни личности и, за разлика од другите убијци на листата, се чини дека имал релативно нормално детство.
На училиште играл рагби и, генерално, бил добар спортист.
Тој бил особено близок со неговата мајка, но таа починала од рак на белите дробови кога тој имал 17 години.
Се претпоставува дека смртта на мајка му донекаде го поттикнала да убива.
Имено, кратко пред да почине, мајка му почнала да добива морфиум во болницата.
Харолд гледал како ѝ се намалува болката и ова го фасцинирало. Подоцна, кога самиот станал лекар, голем дел од убиствата ги извршувал со големи дози морфиум.
Спирова С. | Црнобело