Под дејство на дрога пробал да ја задави сопругата, одгриза глава на лилјак на концерт: Факти за скандалозниот Ози Озборн
-->
Шерон се обидувала и да го оттргне од алкохолот, па за да го спречи да оди во паб или продавница, му ја криела целата облека. Но, музичарот не се откажувал така лесно, па еднаш излегол во фустан на Шерон.
Кога бил на турнеја во 80-тите, на Ози му станало здодевно во хотелската соба, па од некаде нашол мртва ајкула и ја извалкал целата соба со крв.
Ози имал толку многу проблеми со зависноста, што честопати не помнел ништо од претходната ноќ.
Во една ваква ситуација во 1989 година, тој се разбудил во затворска ќелија, но не се сеќавал како завршил таму.
-->
Полицајците му кажале дека пробал да ја задави сопругата Шерон, а подоцна музичарот изјави дека никогаш во животот не се чувствувал полошо.
Според Томи Ли (бившиот на Памела Андерсон и член на бендот Motley Crue), кога биле на заедничка турнеја со Ози, тој извршил нужда во неговата хотелска соба. Потоа ги извалкал ѕидовите со изметот.
Ози Озборн тврди дека положил за возачка дозвола на 60 години. Тој првпат полагал возачки испит во 1974 година и паднал, а истото се случило и наредните четири години. Еднаш изгубил свест за време на возачкиот испит бидејќи испил голема количина апчиња за смирување за да се справи со анксиозноста.
-->
-->
Ози Озборн и неговото семејство беа дел од ријалити шоу – The Osbournes – а во секоја епизода се однесува навистина чудно. Подоцна самиот изјави дека секогаш кога имале снимање, тој бил под дејство на марихуана.
-->
Во текот на целата кариера, Ози Озборн е критикуван поради неговото лошо влијание врз младата публика, а многумина сметаат дека го возвишува сатаната. Сепак, самиот негира дека е сатанист и вели дека всушност одел во црква пред секој концерт.
Поради начинот на живот, денес Ози се соочува со бројни здравствени проблеми, а во 2020 година сподели дека има Паркинсонова болест.
-->
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада...
За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи
10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите
Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис
Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо
Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...