Како да се ослободите од насобраниот гнев, по ретроградниот Меркур?

kako-da-se-oslobodite-od-nasobraniot-gnev-po-retrogradniot-merkur-02.jpg

Вага

За вас најважен е балансот, па затоа најлесно ќе се ослободите од стресот ако одвоите време за јога или ако посветите време на некоја активност што прави да се чувствувате исполнето.

Слушајте го сопственото тело и неговите потреби.

Добро би било една вечер да се затворите дома, да не излегувате, да го исклучите мобилниот телефон и да си ги средите мислите, кои за време на ретроградниот Меркур ви беа во вистински хаос.

Скорпија

Вие секогаш добро знаете кога сте под влијание на ретроградниот Меркур, но наместо да се борите со неговата негативна енергија, сакате да ја искористите во сопствена полза и да ги дознаете работите што долго време ве измачувале.

По завршувањето на ретроградниот Меркур, најдобро би било да одвоите време за средување на сопствените мисли и за ослободување од негативната енергија.

Медитирајте, легнете во топла купка или испланирајте прошетка покрај вода и дајте си можност за емотивна детоксикација.

Стрелец

За време на ретроградниот Меркур се чувствувате како да сте биле врзани со синџири, па веднаш штом ќе заврши негативното влијание на планетата, вие имате потреба да побегнете.

Испланирајте кратко патување или авантура во природа, направете нешто ново и дајте си време за дружба со пријателите.

Исто така, ако не можете веднаш да заминете на патување, испланирајте излегување со пријателите и дајте си можност да се забавувате колку што ви сака душа.

Јарец

Јарците секогаш имаат потреба сите работи да им одат според план, но кога ретроградниот Меркур ќе замеша прсти, тие имаат чувство дека сѐ околу нив се распаѓа и полудуваат.

Со завршувањето на негативното влијание на планетата, веќе нема кој да ви ги „меша коцките“ и слободно можете да се вратите на своето детално планирање и ковање стратегии.

Само на тој начин ќе се чувствувате дека повторно сте ја преземале контролата во свои раце.

Водолија

Вие сте хороскопскиот знак што живее за технолошки напредок и технологија, а кога ретроградниот Меркур ќе почне да ви прави пречки во комуникацијата тоа ве излудува.

Нервозни сте затоа што интернетот паѓа на секои две минути, но се истурате на колешката која не е виновна за тоа.

За да се ослободите од насобраниот гнев најдобро би било еден ден да посветите на правење нешто корисно за заедницата.

Волонтирајте или закажете средба со луѓето со кои имате слични ставови – за да сфатите дека сте безбедни и човештвото не е пред колапс.

Риби

Со оглед на тоа што и вие сте воден знак и вас ве водат емоциите, и вие сте меѓу луѓето што најсилно го чувствуваат негативното влијание на планетата.

Навистина ви е тешко да ја прибирате негативната енергија која зрачи од сите околу вас и кога ќе заврши негативното влијание на планетата, вие се чувствувате преоптоварено.

Наместо да планирате луди забави и излегувања, дајте си еден ден за оддишка.

Пишувајте дневник, медитирајте или гледајте ги вашите омилени серии. Уживајте во активностите што може да ви помогнат да се ослободите од насобраните негативни емоции.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
Како најлесно да заштедите пари, според хороскопскиот знак? Бикови, вие сметате дека луксузот не е привилегија, туку право на секој човек, п...
Во кој град треба да се преселите, според хороскопскиот знак? Лавови, вие сте харизматични, сакате да го споделувате вашето мислење и не ви е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg