Како да се справите со стресот од работа за да не „прегорите“, според хороскопскиот знак?

kako-da-se-spravite-so-stresot-od-rabota-za-da-ne-pregorite-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Сакате хармонија и рамнотежа, па најмногу го чувствувате стресот кога сте соочени со конфликт или неодлучност на работното место.

За да се справите со стресот, фокусирајте се на односот со колегите и бидете поотворени со нив.

Исто така, редовното користење на паузите ќе ви помогне да си ги средите мислите и да се смирите пред да им се вратите на предизвиците.

Кога треба да донесете одлука, дајте си време да размислите и ќе го избегнете непотребниот стрес.

Скорпија

Иако сте силна и издржлива личност, кога сте соочени со таинственост и борба за надмоќ на работа, вие сте и под стрес.

Пробајте да си ја вратите контролата над себе и над вашето опкружување за да го намалите негативното влијание на стресот.

Во ова може да ви помогне водењето дневник и запишувањето на вашите мисли и идеи. И разговорот со некоја блиска личност може да ви биде од помош.

Притоа, поставете и здрави граници во односот со колегите.

Стрелец

Вие сакате авантури, па најмногу го чувствувате стресот кога сте „заглавени“ во рутина и монотоност на работното место.

Можете да се справите со стресот ако пробате да си го направите работниот распоред пофлексибилен, секако додека има можност за тоа.

Ако немате таква слобода, искористете ги паузите за кратка прошетка за ја смените средината.

А, слободното време, кога не сте на работа, користете го за вашите авантури.

Јарец

За вас, најважни се дисциплината и одговорноста, но токму ова може да ви предизвика стрес.

Некогаш самите сте виновни за стресот што го чувствувате поради вашите преголеми очекувања за себе.

Пробајте да бидете пореалистични со очекувањата и воспоставете подобра рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот.

И, не ги заборавајте релаксирачките активности, како медитација.

Водолија

Вие сте иновативна и досетлива личност, па чувствувате поинтензивен стрес кога сте ограничени од традиционалност.

За да се справите со стресот, прифатете ја вашата индивидуалност и дозволете си да ги покажете креативноста и оригиналноста.

Исто така, разговарајте со саканите кога се чувствувате „заглавено“ и по работа задолжително одвојувате време за активности што ве исполнуваат.

Риби

Бидејќи сте емотивна личност, вие чувствувате најголем стрес кога сте преплавени од емоции или кога не поставувате јасни граници со колегите.

За да се справите со ова, пробајте да бидете поприземјени.

Не им дозволувајте на мислите да ви лутаат, фокусирајте се на задачите пред вас и по работа, најдете активност со која ќе се ослободите од лошите емоции.

Исто така, поврзете се со вашата интуиција и ќе си ја вратите енергијата.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
3 хороскопски знаци кои важат за најдобри родители Риби, вие се сомневате во вашите родителски способности. Но, токму овој сомнеж в...
Како најлесно да заштедите пари, според хороскопскиот знак? Бикови, вие сметате дека луксузот не е привилегија, туку право на секој човек, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg