Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак

Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збор за љубов и врски.

edna-rabota-so-koja-nesvesno-si-ja-sabotirate-srekjata-vo-ljubovta-01.jpg

Дали ви се чини дека немате среќа во љубовта? Дали ви се случило самите да си ја расипете и најубавата врска, со партнер кој висински ве сакал?

Тогаш можеби треба да станете посвесни за некои ваши недостатоци.

Со која карактеристика или навика сами си ја саботирате среќата во љубовта?

Овен

Вашата нетолеранција.

Иако важите за еден од најпаметните и најприземјените знаци во зодијкаот, некогаш ви е тешко да се смирите кога некој не разбира за што зборувате или што сакате.

Ова можеби најмногу се истакнува во романтичните врски и неретко очекувате партнерот да биде личност којашто не е.

Всушност, проблемот не е тоа што партнерот не е идеалната личност што си ја замислувате, туку вашето очекување тој секогаш да биде расположен, да ве разбира и слично.

Не сте толерантни на разликите меѓу вас кои се сосема нормални, а уште помалку ги поднесувате различните мислења за некои работи.

Па, дури и ако сте со навистина добра личност која ве сака и почитува, вие си ја саботирате шансата за среќа бидејќи не знаете да направите компромис.

Бик

Вашата желба постојано да изгледате добро во очите на другите.

Без разлика дали сте свесни за тоа или не, вие пробувате да си го организирате животот до најмалиот детаљ.

Внимателно ја одбирате секоја ситница – од облеката, до она што ќе го кажете – сè со цел да се вклопи во некоја ваша идеја или замисла за тоа како треба да изгледате во очите на другите.

Вие сакате другите да бидат импресионирани од вас и да го мислат само најдоброто.

Но, оваа желба за совршенство знаете да му ја наметнете и на партнерот. Па, тој е во ситуација кога мора да внимава на сите безначајни ситници бидејќи вие сте многу позагрижени за тоа како ве перципираат другите, отколку за вашата заедничка среќа.

И, ова сигурно го фрустрира партнерот.

Близнаци

Вашата неодлучност.

Кога станува збор за љубовта, вие ретко сте неодлучни. Односно, знаете дали го сакате партнерот или не и знаете што очекувате од него и од врската.

Но, за буквално сè останато во животот, вие никако не можете да се одлучите.

Поради ова, постојано сте под стрес – од работа, од пријатели, од секојдневни мали проблеми – и целиот гнев „го истурате“ врз партнерот.

Тој, пак, не знае како да ви помогне бидејќи вие самите не можете да се одлучите што всушност сакате во дадениот момент.

Мора да научите да бидете поопуштени и да престанете премногу да размислувате за безначајните работи.

Во спротивно, ќе си ги уништите сите шанси за среќа во љубовта.

Рак

Неспособноста да ги контролирате емоциите.

Вие можете да бидете многу драматични. Премногу сте чувствителни и секоја ситница си ја сфаќате лично.

Поради ова, неретко ви е тешко да ги контролирате емоциите, а јасно е дека ова може да биде сериозен проблем во врската.

Партнерот никогаш не знае дали ќе „експлодирате“ кога ќе ви каже нешто, па најверојатно ќе избегнува да разговарате за проблемите во врската.

И, тие ќе се трупаат без да ги решавате и кога-тогаш ќе си ја уништите врската.

Во ред е што сте емотивни и што ги разбирате туѓите чувства, но мора и да се контролирате.

Само затоа што партнерот не ви се насмевнал не значи дека ве мрази.

Бидете пореалистични и добро размислете пред да изреагирате бурно за што било.

Лав

Вашата преголема самодоверба.

Секако дека нема ништо лошо во тоа да бидете самоуверени и горди на себе.

Проблемот е што вие одите во екстреми и ова ви создава многу проблеми, најмногу во љубовта.

Вие не сакате да покажете слабост и сметате дека треба да бидете најдобри во сè.

Но, за врската да опстане, вие треба да покажете ранливост пред партнерот. Да не се криете зад огромната самодоверба која во некои мигови е само фасада.

Мора да се отворите пред партнерот и да бидете способни да ги споделите вашите грижи и мисли.

Во спротивно, партнерот ќе мисли дека не му верувате и врската нема да опстане добро.

Не заборавајте дека можете да бидете независна и самоуверена личност, а истовремено да бидете и посветен и грижлив партнер.

Девица

Вашата параноја.

Врските не се ни приближно толку комплицирани колку вам ви се чинат.

Всушност, неретко вие самите си ги комплицирате работите без никаква потреба.

Не сте импулсивни и не реагирате бурно, но кога сте во подолга врска, по некое време почнувате да си замислувате нереални работи.

Се сомневате во љубовта на партнерот, се прашувате дали сака да биде со вас… Без разлика што не направил ништо што укажува на тоа.

Со текот на времето, овие мисли се претворат во параноја, а вие станувате избувлива и импулсивна личност која не може да ги контролира своите чувства.

Бидете пореалистични и кога ќе имате некоја грижа, споделете ја со партнерот наместо да почнувате непотребни караници.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg