Исповед на малолетна проститутка: Наутро на училиште, попладне со богаташи
Сакавме премногу. Или ќе продаваш дрога или ќе го продаваш телото, ако веќе сакаш да имаш пари, изјавила пред психијатарот најмладата девојка вплеткана во ланецот малолетна проституција во Рим.
„Почнуваш само од причина дека ти требаат пари, но и откако ќе заработиш, тешко е да се откажеш од убавиот живот на кој ќе навикнеш со добра заработка.“
Таа почнала да нуди секс за пари кога имала само 14 години. Истражителот верува дека околу 30 илјади луѓе плаќале пари за секс со малолетнички во римскиот богаташки кварт Париоли.
Приказната во италијанските медиуми се појави минатиот месец, кога полицијата откри дека две девојки од исто средно училиште биле намамени преку друштвената мрежа Bakeca Incontri.
Наутро оделе на училиште, а попладне работеле и заработувале и по 300 евра од клиент.
Најголем дел од клиентелата биле локални богаташи.