Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Меден месец


Во сон означува среќа која е од краток век.

Мени

Мени на сон значи дека ви претстои заминување на пат.

Меница

Не потпишувај меница на јаве, деловен неуспех, грижи.

Менување нешто со некого

Предупредува дека на јаве наидуваат расправии.

Менувачница

Сонување менувачница предупредува на деловен неуспех.

Мерење нешто

Чувај се од следење и шпиони.

Месар

Ако го видите: расправија со роднина; ако ви даде месо: ќе станете суров и немилосрден; ако сте месар: жалост, грижа, навреда.

Месење

На јаве ќе имате мали расправии во домот.

Месечина

Сонување месечина значи дека ќе имате краткотраjна љубовна среќа.

Месо

Наследство; купување: среќа на коцка, заработка; готвење: среќа, благосостојба; печење: ќе имаш големи трошоци.

Метар (пантлика)

Гледање метар во сон ве предупредува да внимавате на измами.

Метеж

Да се ​​биде во толпа предупредува дека наскоро ќе се расправате, ќе се карате, но ако видите толпа значи добивка на јаве.

Метеор

Гледање: среќата ти е краткотрајна, сериозно предупредување.

Метла

Гледање: лажни пријатели, сиромаштија, кавга во домот; да се чисти со метла: среќа во блиска иднина; девојка да чисти со метла: наскоро мажачка.

Меч

Гледaње: ќе дојдеш до углед и почитување; кршење: смртен случај, неволји, срам.

Мечка

Гледање: добивка на коцка; убивање: непријател ќе ти страда; да те нападне: ти  поставуваат стапица; да рика: падна во немилост; ако раскинала некого: смрт во семејството.

Мечување

Гледање: губење на драга личност, болест; ако се мeчувате: неисполнети желби; да се биде ранет: пријатни љубовни часови; ранување некого со меч: деловен успех.

Мидер

Не биди премногу љубопитен, вообразеност.

Миење

Ако се миете со студена вода: наскоро ве следат грижи, радосен настан; топла вода: здравје, богатство.

Минус на тековна

Ќе имате парична добивка на јаве.

Мираз

Гледање мираз во сон значи дека во реалноста твоите непријатели се плашат од тебе.

Мирис (мирисате нешто)

Мирисање нешто, слаб мирис: среќа; силен: ќе се најдеш во непријатна ситуација.

Мисирка

Претставува симбол на благосостојба. Ако слушнете мисирка на сон ве очекува радосен настан.

Мито (поткуп)

Ако сонувате дека сте подмитиле некого, ве предупредува да се вардите од „валкани“ работни места, размислете па кажете.

Младост (да се биде млад)

За старите луѓе младоста во сон значи веселба, а за болните означува здравје.

Млеко

Сонување млеко значи дека ве очекува ненадејна радост, добивка, здравје.

Мобилен телефон

Гледање мобилен телефон значи дека те очекуваат итни работи.

Мозолчиња

Имање мозолчиња во сон: нездрава исхрана. Другите имаат мозолчиња: се мешате во нечиј живот. Стискање мозолчиња: потребна ви е промена.

Мокрење во сон (уринирање)

Здравје и долг живот; мокрење во кревет: болест, загуба.

Молење

Ќе се понижиш пред некого во реалноста.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg