Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Дрдорење


Во сон означува голема штета и последици поради непромислени постапки.

Дренки

Ако во сон видите бобинки од дрен, тоа го симболизира стравот од беда.

Државен грб

Ако видите грб во вашиот сон тоа значи дека ќе стекнете голем углед во својата околина.

Другар

Ако го сретнете: неочекуван настан; ако јадете заедно: непријатности на повидок; ако го сонувате дека починал: ќе слушнете некоја важна новост.

Дуња

Ако берете дуњи на сон тоа симболизира богатство; ако јадете значи дека многу луѓе ви завидуваат. Ако видите дуња на сон тоа значи дека ви претстои жалост на јаве.

Дупната гума

Истоштени сте физички и емоционално.

Дупчење нешто

Ќе дознаеш важни тајни на своите противници, неочекувано задоволство.

Дурбин

Ако видите двоглед на сон тоа значи дека надежите полека но сигурно ќе ви се исполнат.

Дуќан

На сон предупредува на неуспеси во тргување, трошоци.

Дух

Неочекувана измама или скриена страст.

Душек

Ако сонувате дека спиете на душек, тоа значи дека ви претстои период на големо одмарање, но и големи проблеми коишто ќе се решат самите од себе.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg