Масажа

Term Main definition
Масажа

Преокупиран си со мали грижи.

Што значи да сонувате масажа?

Ако во сон некој ве масира, тоа подразбира дека сте окупирани со мали грижи. Можно е да имате несогласувања дома и на работа кои не се страшни, но кога ќе се соберат, ве оптоваруваат прилично и ви ја трошат вашата енергија. Ќе имате впечаток дека не можете да завршите ниту една работа, туку дека сте започнале многу нешта и сте ги оставиле недовршени.

Сонување дека вие масирате некого, укажува дека понекогаш сте себични. Веројатно имате доверлива личност на која секогаш ѝ зборувате за сè што ви се случува, но кога нему/нејзе ќе ѝ биде потребен совет, вие ќе бидете окупирани само со себе. Веднаш штом ќе сфатите дека се однесувавте лошо, ќе дадете сè од себе да ја поправите грешката и да се искупите.

Кога сонувате еротска масажа, тоа значи дека не сте задоволни од вашиот сексуален живот. Можно е да сте во врска или во брак подолго време, поради што имате чувство дека овој аспект од вашиот живот се претворил во рутина. Вие нема да знаете како да му го соопштите тоа на партнерот/ката без да ги повредите неговите/нејзините чувства.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте биле на  масажа или сте масирале некого, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за масажа

Масажата е збир на допири со кои се постигнува пријатност и/или добро здравје.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg