Лабораторија

Term Main definition
Лабораторија

Сонувањето лабораторија означува да не се мешате во туѓи работи, болест.

Што значи да сонувате лабораторија?

Ако сонувате лабораторија

Сонувањето лабораторија подразбира дека не се мешате во туѓи работи. Важите за личност која честопати претерува со своите благородни намери да помогне, па  другите често мислат дека на тој начин сакате да ги задолжите и контролирате. После секое недоразбирање, си велите дека ќе ја гледате својата работа, но немате мир, па никогаш не го исполнувате даденото ветување.

Ако работите во лабораторија

Ако во сон работите во лабораторија, тоа укажува дека ќе откриете нешто сериозно. Веројатно е поврзано со личноста со која сте блиски, но во секој случај нема да можете да му/ѝ соопштите нешто што би ги уништило неговите/нејзините соништа. Ќе поминете многу непроспиени ноќи во обид да смислите која ваша постапка би предизвикала најмала штета.

Ако некој друг работи во лабораторија

Некој ваш пријател ќе открие сериозна ситуација поврзана со вас што ја криете долго време.

Ако напуштате лабораторија

Кога во сон напуштате лабораторија, тоа значи дека ќе дадете отказ. Може да се случи да откриете дека работодавачот не бил искрен во врска со описот на работата што би ја работеле и ќе ви предложи нешто што ги крши етичките принципи на коишто се придржувате. И покрај тоа што ви требаат пари, нема да сакате да се срамите утре и да ја загрозите вашата репутација.

Ако удирате лабораториски инструменти

Тврдоглави сте во прифаќањето на фактите. Треба да го прифатите советот на пријатели кои ви посакуваат добро, можеби дури и родител или некоја блиска личност од која не сакате да добивате совети.

Ако зборувате за лабораторија или слушнете приказна за овој поим во сон

Ако зборувате за лабораторија или лаборатории во сон, ќе ви следи некоја финансиска добивка поради инвестирање во нешто во минатото. Алтернативното толкување е добивка во игрите на среќа.

Ако водите љубов во лабораторија

Среќен крај на некој проект кој ве мачи веќе подолго време. Алтернативно толкување е дека треба студиозно да пристапите кон некое претстојно заведување.

Ако се плашите да одите во лабораторија

Безпричинска грижа околу некои проблеми на јаве. Можете да се опуштите, а понекогаш и да кажете „не“ на нештата и настаните што не ги сакате.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или сте работеле во лабораторија, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за лабораторија

Лабораторија е просторија со специјални машини и уреди со помош на кои се вршат научни истражувања.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg