Гитара

Term Main definition
Гитара

Ако видите: ќе добиете подарок; ако свирите: ќе станете омилени на околината, признание, успех; ако слушате: тага поради минатото.

Што значи да сонувате гитара?

Ако сонувате гитара

Доколку во вашиот сон гледате гитара тоа значи дека ќе добиете подарок. Можно е да се работи за нешта кои ќе ви користат во работата и поради кои ќе си ја засакате професијата. Вашиот пример ќе ја докаже точноста на поговорката „Дај му риба на човекот и ќе го нахраниш за це ден, научи го да лови и ќе го нахраниш за цел живот“.

Сето ова ќе започне како хоби и баш обид за бегство од обврските, но со текот на времето ќе се претвори во сериозна приказна која може да ви стане главен извор на приходи.

Ако сонувате дека свирите на гитара

Кога сонувате дека свирите на гитара тоа имплицира дека сте омилени на околината. Доколку имате брат или сестра голема е веројатноста вие да сте тој/таа кого го сметаат за подобар и поуспешен. Родителите со полна уста ве фалат за се што работите, додека братот или сестрата добива сосема поинаков третман.

Секој ваш успех ќе го величаат и слават што може да доведе до судир со останатите членови на семејството.

Ако сонувате дека слушате гитара

Ако сонувате дека слушате гитара тоа симболизира тага поради минатото. Понекогаш ве обзема копнеж по деновите кога сте биле безгрижни и кога се ви се чинело возможно. Меѓутоа, животното искуство и соочувањето со проблемите ви ги скршило крилјата и ве натерало да пораснете и да се соочите со суровата реалност.

Ако сонувате дека учите да свирите на гитара

Ваквиот сон е директно поврзан со вашето емотивно здравје. Можеби ви недостасува страст во животот. Меѓутоа, ако имате партнер или партнерка можеби тој или таа не ги исполнува вашите сексуални потреби. Поработите на комуникацијата, па вашиот однос ќе стане поквалитетен и подобар.

Ако сонувате дека учите некого да свири на гитара

Кога сонувате дека учите некого да свири на гитара тоа симболизира недостаток на инспирација. Сте наишле на проблем кој подразбира креативен пристап. Кога би ги погледнале нештата од друг агол можеби се би ви станало појасно. Не би било лошо да побарате совет од личност на којашто и верувате. Друго мислење може да ви помогне да излезете од оваа криза.

Ако сонувате дека купувате гитара

Ако жена сонувате дека купува гитара тоа значи дека не е задоволна од својот изглед. Постои нешто што би сакала да го промени на сопственото тело, да ослабе, да се поправи или да затегне некој дел од телото. Од друга страна, ако маж сонувате дека купува гитара тоа значи дека му се допаѓа жена која од некоја причина е недостапна.

Можеби се работи за девојка/сопруга на неговиот најдобар пријател.

Ако сонувате дека продавате гитара

Доколку сонувате дека продавате гитара тоа имплицира дека ќе се соочите со големи трошоци. Покрај редовните издатоци кои ги имате ќе ви се случат и некои вонредни расходи поради кои ќе размислувате да подигнете кредит или позајмица. Меѓутоа, можеби би требале подобро да го распоредите она што го имате, да се откажете од нешто за да не мора дополнително да се задолжувате.

Ако некому подарувате гитара

Сон во кој некому подарувате гитара ја симболизира вашата потреба да бидете во центарот на вниманието на другите луѓе и сите да ја сакаат и да ја гледаат. Имате харизма која ви овозможува да го спроведете тоа на дело, но понекогаш ви недостасува инспирација, па оние кои очекуваат интересни приказни од вас ќе мора да слушаат здодевно прераскажување на настани од минатото.

Кога сонувате дека некому сте подариле гитара

Кога сонувате дека некому сте подариле гитара тоа значи дека од таа личност очекувате многу повеќе отколку што таа може да ви даде. Ако гитарата сте ја подариле на партнерот или на партнерката веројатно сакате да го/ја промените. Доколку, пак, гитарата ја подарите на некој друг тоа значи дека се плашите да не ја изгубите таа личност.

Ако сонувате дека сте украле гитара

Ако сонувате дека сте украле гитара од работилница, продавница или музичко студио тоа е предупредување да почнете да се однесувате согласно вашите години. Прилично сте детинести и таквото однесување не му одговара на работодавецот, а ниту на домашните.

Ако сонувате дека сте скршиле гитара

Ваквиот сон укажува на бес или гнев поради нешто што ви се случило на јаве. Ако неодамна сте влегле во конфликт со некого, а не сте го решиле тоа докрај, веројатно тоа чувство од јаве се пренело на сон. Можеби останале некои недоречености, а можеби сте прифатиле нешто што не ви е по волја.

Ако сонувате дека сте фрлиле гитара

Доколку сонувате дека сте фрлиле гитара потсвеста ви препорачува дека недоволно  ги искористувате своите фантазии и креативноста. Веројатно моменталната работа не ги бара вашите таленти, па во целост сте ги потиснале. Посветете му се на некое хоби. Никогаш не се знае , можеби еден ден ќе ви стане главен извор на заработка и приходи.

Толкувањето на овој сон зависи и од видот на гитарата што сте ја виделе, свиреле или слушале на сон.

Класична гитара

Кога во сонот ќе видите класична гитара тоа значи дека сте романтична личност по природа и дек емоциите секогаш ги истакнувате пред разумот. Кога некого ќе го засакате, вашата љубов трае цел живот, а кога личноста ќе ве предаде во состојба сте засекогаш да ја отпишете. Честопати донесувате одлуки во афект, поради што не секогаш ви се исправни. Сепак, имате силна интуиција поради која сте направиле и добри потези до сега.

Акустична гитара

Акустична гитара во сонот укажува на собирање на драгите луѓе. Веројатно ќе пронајдете доволно време да ги поканите саканите лица од семејството и пријателите на ручек, вечера или на пијалак. Ќе ви биде драго што на едно место гледате толку многу драги луѓе кои најмногу ги сакате. Тоа е ваш начин да ги наполните батериите за новите животни предизвици.

Електрична гитара

Ако во сонот видите електрична гитара тоа значи дека ви недостасува возбуда во животот. Сигурно сте забележале дека сте станале жртва  на монотонија и секој ден ви е ист. Вашите дневни активности се свеле на неколку задачи. Дури и кога имате време и прилика да направите нешто ново, вие немате време.

Немате мотивација да се ангажирате за ништо. Крајно време е да се тргнете од летаргијата и животот да си го збогатите со нови случувања.

Бас гитара

Бас гитара во сонот е предупредување дека ќе се ослободите од порокот пред да ви го загрози животот и здравјето. Веќе сте свесни дека она што го правите на својот организам има бројни штетни  последици, но никако не можете да смогнете сили да престанете со тоа.

Сè уште наоѓате изговор да испушите уште една цигара, да испиете уште една чашка или барем уште еднаш да уплатите добитен тикет во кладилница. Поради овие ваши навики страда и вашето семејство. Размислете добро за тоа!

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте слушале или сте свиреле на гитара тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста.

Дефиниција за гитара

Гитара е жичен инструмент кој воглавно има шест жици.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg