Газа

Term Main definition
Газа

Медицинска газа во сонот значи дека ќе се ослободите од грижите.

Што значи да сонувате газа?

Ако сонувате медицинска газа

Ако во сонот гледате медицинска газа тоа имплицира дека ќе се ослободите од грижите. Можеби ќе ве мачат сомнежи околу нешта си кои за првпат се соочувате во животот. Нема да сакате премногу да паметувате туку ќе побарате стручна помош од личност која ќе ви објасни како стојат нештата во кратки црти.

На тој начин ќе заштедите време и ќе спречите непотребни компликации.

Ако вадите газа во сон

Ако сонувате дека вадите газа во сон тоа значи дека ќе престанете да се самосожалувате себеси. Честопати мислите дека само вие имате проблеми и дека само вашите се најтешки на светот. Со леснотија давате совети на другите без никако да се придржувате до нив.

Меѓутоа ќе сфатите дека таквото однесување може само вам да ви наштети, па поради тоа ќе решите да се оттргнете и да почнете да работите во ваша корист.

Ако кинете газа во сон

Кога сонувате дека кинете газа, тоа е предупредување дека би требале да заминете на лекар. Никој од вас нема да бара за секоја ситница да одите во болница или во здравствен дом, но вашата немарност преминува во сосема поинаква крајност која ви се заканува да ви создаде големи проблеми.

За секоја болест ќе ја обвинувате промајата, а лекарства, на своја рака, ќе ви припишува личност која нема никаква поврзаност со медицината.

Ако сонувате дека си ставате газа самите на себе

Доколку сонувате дека си ставате газа на повреден дел од телото, тоа имплицира дека ќе ја изгубите слободата. Можеби свадбата ја доживувате како обврска поради која ќе мора да се откажете од многу нешта во коишто уживате.

Меѓутоа, доколку на крајот сепак одлучите да се согласите на брак ќе сфатите дека вашата претстава за тоа била сосема погрешна па ќе ви биде жал што не сте го направиле тоа порано.

Ако сонувате дека некој ви става газа

Сонот во кој гледате дека некој ви става газа значи дека ќе се промените. Можеби ќе прифатите некои совети и предлози и ќе одлучите да го усвоите она што ќе ви одговара. Со оглед на тоа дека сте зрела и одговорна личност, свесни сте дека имате многу маани, но исто така сте подготвени да работите на тоа да станете подобра верзија на себеси.

Ако сонувате дека некому му отстранувате газа

Кога во сонот некому ќе му ја отстраните газата тоа имплицира дека болни ќе одите на работа или на училиште. Веројатно и покрај тоа лошо ќе се чувствувате и ќе морате да му се посветите на факултетот или работата. На тој начин само дополнително ќе си го влошите здравјето, па секој ден едвај ќе чекате да дојдете дома да се одморите и опоравите.

Еден ден ќе сфатите дека ништо не е повредно од вашето здравје, но тогаш ќе го загрозите со ваквите и слични потези.

Ако некој ви ја свлекува газата

Ваквиот сон обично укажува на кавга или на расправија. Некој ќе се одлучи да ви се спротивстави и да направи нешто што вие го сметате за погрешно. Обидете се да го/ја убедите дека тоа не чини и да го предупредите на можните последици од ваквите одлуки, но тој/таа нема да сака да ве послуша.

Вашите сугестии ќе се доживеат како одземање на слободата, а тој/таа нема да сака да му браните што било.

Ако сонувате дека купувате газа

Ако сонувате дека купувате газа тоа обично значи дека сте хипохондрик и често без причина се грижите за своето здравје. Мото ви е подобро да спречите отколку да лечите, но често умеете да претерате и да си претпоставите дека нешто ве боли. Лекови пиете и кога ќе ве почеша нешто.

Кога лекарите ќе кажат дека со вас се е во ред, во истиот момент ви паѓа на памет нов симптом, па вашата агонија се продолжува и понатаму. Кога ќе се ослободите од проблемот во главата и останатите симптоми кои ги имате полека ќе почнат да исчезнуваат.

Ако сонувате дека продавате газа

Доколку во сонот продавате газа тоа имплицира дека ќе прифатите работа која не ви се допаѓа, само затоа што ви се потребни пари. Можеби тоа ќе подразбира дека ќе погазите многу свои убедувања и ставови, но дека веројатно ќе се исплати бидејќи немате друг избор. На ваша среќа тоа нема да трае долго бидејќи во блиска иднина би можеле да добиете подобра работна понуда.

Ако сонувате дека сте фрлиле газа

Кога сонувате дека сте фрлиле газа тоа значи дека ќе се ослободите од големи грижи на работа или во домот. Оваа долга епизода сепак ќе има среќен крај. Тоа конечно ќе ви помогне да сфатите дека врз вашиот живот влијание има и погледот на нештата.

Ако по природа сте песимисти и негативни, не можете да очекувате дека нештата ќе се одвиваат онака како што сте замислиле. Сте требале да имате повеќе верба во себе, во своите способности и сила да ја издржите сета мака.

Значењето на соништата се разликува во зависност од тоа дали газата којашто сте ја виделе била чиста, валкана или со траги од крв.

Ако сонувате чиста (бела) газа

Ако во сонот видите чиста бела газа тоа имплицира дека треба да бидете внимателни во наредниот период кога се во прашање деловните подвизи, но и приватните односи. Пред да започнете нова деловна соработка или емотивна врска, потрудете се да дознаете за личноста или за лицата барем она што е најзначајно. Сега воопшто не е време за ризични работи и инвестиции, но и врски кои немаат иднина.

Ако сонувате валкана газа

Доколку во сонот видите валкана газа тоа значи дека ќе се најдете во прилика некому да му помогнете кога помошта навистина му е потребна. Станува збор за личност која е во лоша материјална и здравствена состојба, а чиј ведар дух, позитивна енергија и добрина ќе ве освои на прв поглед. Ќе се потрудите да му/и помогнете, а ќе организирате и акции за собирање средства за нејзе/него. Ќе сфатите дека луѓето можат да бидат солидарни кога ќе се најдат во неволја или ако видат дека помошта некому е навистина потребна. Ваквите акции ќе станат секојдневие кога конечно ќе видите колку сте им потребни.

Ако сонувате крвава газа

Сон во кој гледате крвава газа обично значи дека некој кој ви е многу близок има големи проблеми во животот, но вие тоа не го забележувате бидејќи премногу сте фокусирани на себе. Дури кога ќе сфатите дека станува збор за сериозни нешта, ќе ги „отворите очите“. Ќе дојдете до заклучок дека вашиот егоизам ве прави слепи и глуви, дури и за луѓето коишто ги сакате. Ова ќе ви биде вистинско просветлување поради кое потполно ќе се промените.

Значењето на овој сон може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе или користеле газа тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста.

Дефиниција за газа

Газа е тенка ткаенина која може да биде изработена од лен, памук, или од свила, а се користи за замотување рани. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg