Чамец

Term Main definition
Чамец

Ако се возите во чамец тоа значи дека на јаве ве привлекува нова љубов; Чамец кој пропушта вода предупредува на болест, непријатности; ако паднете од чамец во вода значи загуба на коцка.

Што значи да сонувате чамец?

Ако сонувате дека се возите со чамец, тоа значи дека ве привлекува нова љубов. Веројатно скоро сте излегле од врска која имала бурен крај и сте сакале да си дадете време да размислите каде сте погрешиле. Меѓутоа, ќе се појави личност со која ќе можете отворено да разговарате на таа тема, како и за сè останато што ќе ви падне на памет. Ќе сфатите дека имате исти размислувања, интереси, па пријатно ќе се чувствувате во негово/нејзино друштво.

Чамец кој пропушта вода

Кога сонувате дека чамец пропушта вода, тоа предупредува на непријатна ситуација.  Ќе бидете изложени на голем стрес кој ќе ви предизвика големи здравствени проблеми. Чувствувате дека ви снемува сила да ги извршите сите секојдневни обврски. Повеќе од очигледно е дека ви е потребен одмор и промена на средина.

Ако паѓате или паднете од чамец на сон

Ако сонувате дека паѓате од чамец во вода тоа значи загуба на коцка. Во наредниот период ќе одлучите да преземете ризик во сериозна ситуација која ќе изискува внимателно осмислување на секој ваш чекор. Вашите непромислени потези ќе направат да паднете „од коњ на магаре“ и да ги загубите сите привилегии што сте ги имале досега. На коцка ќе ги ставите љубовната врска, пријателството или работата со која се занимавате.

Ако сонувате насукан чамец

Доколку на сон видите насукан чамец тоа имплицира дека премногу сте внимателни. Целиот живот се раководите според мотото „три пати мери, еднаш сечи“, но сте почнале да претерувате во тоа.  Со текот на времето станувате сè понесигурни во себе и своите одлуки. Го пресипитувате секој детаљ и размислувате за евентуалниот неуспех. Време е да соберете храброст и да направите нешто „од прва“. Можеби ќе погрешите, а можеби не, но барем ќе знаете дека сте се обиделе, што самото по себе е храбар чин.

Потонат чамец

Ако сонувате дека ви потонал чамец тоа значи дека поминувате низ тежок период, а не чувствувате дека имате поддршка од драги луѓе. Наместо да ве слушаат тие ве критикуваат и ви наметнуваат идеи, одлуки и ставови. Често посакувате да побегнете од сите нив, но сте свесни дека нема да биде возможно во моментот. Обидете се да бидете сосема искрени кон себе, а нема да погрешите ниту ако побарате мислење од стручно лице.

Ако правите чамец

Кога сонувате дека правите чамец тоа имплицира дека сепак би требало да го послушате советот кога се работи за нешто не го знаете доволно. Иако сте прилично самоуверени и се трудите да научите нешто повеќе, морате да бидете свесни дека не сте стручњак за сè. Не дозволувајте суетата да ве доведе до проблеми. Занемарете ја тврдоглавоста поради која би можеле да го расипете сè она добро што сте го направиле.

Доколку на сон некој друг прави чамец тоа значи дека ќе запознаете личност која ќе ве освои со своите ставови и начин на размислување. Особено ќе ве воодушеви фактот дека тој/таа не се правда никому, туку го живее животот со „полни гради“. Тој/таа ќе ве мотивира да се промените.

Ако фарбате чамец

Сон во кој фарбате т.е. боите чамец укажува на погрешна проценка. Можеби вложувањето нема да ви се исплати, па поради тоа ќе претрпите загуба. Загубата не мора да се однесува на пари или материјални нешта. Можеби премногу труд и време сте вложиле во градење на односот со некоја личност, но ќе се испостави дека сте погрешиле. Немојте тоа да го сфаќате премногу трагично. Ако ова искуство го доживеете како лекција, можете многу нешта да научите.

Ако во ваш сон некој друг фарба чамец тоа значи дека би можеле да се најдете на „столбот на срамот“ поради банални грешки кои сте ги направиле на работа. Повеќе од грешката ќе ве мачи тоа што колегата ќе се потруди сите да дознаат за тоа и јавно да ве понижи.

Ако купувате чамец

Сон во кој купувате чамец имплицира дека ќе направите сè за да го привлечете вниманието на личноста која ви се допаднала на прв поглед. Ако ви појде од рака тој/таа да прифати да оди на состанок со вас, денот ќе го сметате за најсреќен во вашиот живот. Ако, пак, ве одбие, тоа може негативно да се одрази на вашата самодоверба.

Ако продавате чамец

Ако сонувате дека продавате чамец тоа значи дека во тешки моменти ќе почнете да ги цените нематеријалните нешта. Долго време сте имале цел да стекнете што повеќе пари бидеќи сте биле убедени дека со тоа ќе стекнете и повеќе пријатели, подобра положба во друштво и слично. Меѓутоа, дојден е моментот кога ќе сфатите колку ви е важна љубовта и поддршката од партнерот, пријателот и членовите на семејството. Веројатно поважна од многу материјални нешта за кои сте мечтаеле.

Ако подарите чамец

Кога сонувате дека некому сте подариле чамец тоа го симболизира вашиот талент за импровизација. Во вашиот живот нема непредвидени ситуации кои би можеле да ве извадат од колосек. Едноставно, имате моќ да го решите секој проблем на најбезболен можен начин. Сите кои ве познаваат уживаат да соработуваат со вас бидејќи се свесни за дарбите кои ги поседувате.

Ако добиете чамец на подарок

Доколку на сон добиете чамец на подарок тоа значи дека со наредните постапки ќе ги изненадите сите кои ве познаваат. Можеби ќе одлучите да се преселите во друг град или во држава. Вашиот план ќе подразбира заминување на пократок временски период, но со време ќе донесете одлука да си го градите животот таму. Има големи шанси да не се покаете поради тоа.

Ако украдете чамец

Ако сонувате дека некому сте му украле чамец тоа укажува дека ви недостасуваат возбуди во животот. Сте западнале во рутина која свела на неколку активности во текот на денот. Не ви се излегува со пријателите, а се жалите дека немате друштво за да одите на некое патување. Запрашајте се дали воопшто ви треба друштво за таа авантура. Можеби би ви било забавно и ако одите сами. Никогаш не знаете каде и кога би можеле да запознаете интересни луѓе во чие друштво ќе уживате. Сон во кој некој ви украл чамец симболизира добивка. Можно е да сте добиле наследство од далечен роднина или ќе добиете џекпот на лото. Во секој случај, оваа пристојна сума би можела да ви помогне да решите неколку тековни проблеми.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку имате чамец или често се возите со чамец тоа сигурно ви оставило впечаток. Друг можност е дека некогаш сте паднале од чамец и таа траума се оддразува на вашата потсвест.

Дефиниција за чамец

Чамец е најчесто отворен пловен објект кој има помали димензии и облик на корито.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg