Чешел

Term Main definition
Чешел

Сонувањето на чешел значи кавга, озборување, лоши вести, инает.

Што значи да сонувате чешел?

Ако сонувате чешел

Ако на сон видите чешел тоа предупредува на кавга. Ќе дознаете дека ве озборувале луѓе кои сте ги сметале за пријатели. Ќе се почувствувате непријатно кога ќе помислите дека вашите интимни нешта се прераскажувале. Особено ќе ве разбесни тоа што некој си дава за право да ви дава совети и да ви говори што би направил/ла кога би бил/а на ваше место.

Ако се чешлате на сон

Кога сонувате дека се чешлате, тоа значи дека ќе се забавувате. Сакате да поминувате време со друштвото и да одите на забави кога ќе ви се укаже прилика. Секогаш сте главен организатор на излегувањата и се трудите да пронајдете место кое ќе им се допадне на сите. Можно е наскоро да планирате да посетите клуб кој го посетува личноста која ви се допаѓа. Ќе сакате да заблескате па однапред ќе почнете да размислувате што ќе облечете.

Ако сонувате дека чешлате некого

Ако сонувате дека чешлате некого симболизира спокој. Ако немате деца, можеби би сакале да ги добиете во скоро време. Честопати мечтаете за нешта кои би ги правеле заедно, за бајките кои би ги читале пред спиење и други ситници кои би ви го разубавеле денот. Сметате дека тоа би било круна на вашата љубов кон партнерот и би ви ја разубавило врската или бракот.

Ако купувате чешел

Ако сонувате дека сте купиле чешел знаи дека поради работа ќе морате да напуштите вашата комфорна зона и да се остварите во нешта кои во моментот ве плашат. Веројатно сте несигурни кога работите нешто што не ви е секојдневна рутина, но ќе добиете задача која од вас ќе бара дополнитлен ангажман. Ова ќе ви биде совршена прилика да решите некои стравови кои ве спречуваат да напредувате.

Ако продавате чешел

Доколку на сон продавате чешел тоа имплицира жалење за пропуштена шанса. Можеби во минатото сте имале прилика да добиете подобра работа или да се преселите во друг град, но сте одбиле бидејќи во моментот сте биле задоволни од животот. Кога нештата се влошиле, сте сфатиле дека сте погрешиле и дека досега би постигнале многу повеќе кога не би ја одбиле понудата која сте ја имале.  Меѓутоа, не се плаче за истурено млеко. Потрудете се да извлечете поука и да почнете сами да си создавате шанси за успех.

Ако подарите чешел

Сон во кој подарувате чешел укажува на потребата да привлечете внимание на личност која ви се допаѓа. Веројатно се трудите да изгледате и да звучите што подобро во негово/нејзино друштво, но не добивате повратна информација. Тој/таа не се смее на вашите шеги и не обрнува внимание на вашиот изглед, што ви дава дополнителна мотивација да се обидете д го/ја заведете.

Ако добиете чешел на подарок

Кога некој на сон ќе ви подари чешешл тоа значи дека вашите потреби ги надминуваат вашите месечни примања. Би требало порационално да ги трошите парите за да не бидете постојано на работ на банкрот. Стилот на животот кој настојувате да го градите захтева многу повеќе средства отколку имате. Затоа крајно време е да го напуштите и да живеете во склад на вашите можности.

Ако изгубите чешел

Доколку на сон изгубите чешел тоа имплицира дека поради несигурност или недостаток на самодоверба ќе го загрозите односот со партнерот. Со намера подолго да го/ја задржите покрај себе сте почнале да му /и го следите секој чекор. Своите желби и планови сте ги подредиле на неговите потреби, но во некој момент ќе сфатите дека тој/таа не го сака. Вашиот партнер покрај себе сака самосвесна личност во која се заљубил/а, а не некој кој полека губи свој идентитет за да му/и удоволи.

Ако фрлите чешел

Ако сонувате дека сте фрлиле чешел тоа значи дека конечно ќе и ги покажете забите на личноста која ве понижува. Долго време сте ги трпеле нејзините навреди бидејќи не сте сакале да предизвикате конфликт. Меѓутоа, ќе сфатите дека ве малтретир и ќе и возвратите со иста мера. Кога непријателот ќе го поразите со негово оружје, повеќе нема да му текне да војува со вас.

Ако чистите чешел

Кога сонувате дека чистите чешел имплицира непријатна средба со личност која подолго време не сте во добри односи. Ќе се најдете на исто место и во исто време и ќе посакате да и кажете се што и следува, но ќе се воздржите поради домаќинот кој ве пречекал. Не дозволувајте да наседнете на провокации и поради тоа да излезете како „скандал мајстор“. Употребите тактика и не реагирајте на секој збор.

Толкувањето на овие соништа може да зависи и од други нешта. Така, на пример, ако на сон видите или користите дрвен чешел, тоа значи дека ќе дојде до расправа поради свои патријархални и традиционални сфаќања. Некој ќе ве обвини дека имате премногу рационални ставови и поради предрасуди не можете да функционирате нормално.

Доколку сонувате пластичен чешел потсвеста ве предупредува дека е време да исфрлите некоја личност од вашиот живот. Во вашето опкружување има луѓе кои токсично делуваат на вас. После дружење со нив често се чувствувате потиштено и депресивно. Крајно време е да се дистанцирате од нив ако сакате да си го задржите ведриот дух у убавото расположение.

Сон во кој гледате метален чешел значи дека ќе мора да бидете многу поагресивни ако сакате да постигнете нешто во животот. Премногу сте добри и „меки“, па дозволувате другите да профитираат од вашето знаење и умеење. Време е да престанете да се криете зад другите и да покажете колку сте способни и интелигентни.

Чешел од рог на сон укажува на неочекувана добивка. Можеби ќе добиете наследство од далечен роднина или ќе имате среќа на кладилница или бинго. Со оглед на тоа дека не сте се надевале на овие пари, ќе одлучите да ги сочувате за „црни денови“. Чешел без заби симболизира непотребна грижа. Веројатно без причина се плашите за здравјето на своите деца или други блиски луѓе.

Ве иритира тоа што не ве слушаат и не си го контролираат редовно здравјето. Поради тоа често доаѓате до кавга со нив. Сепак, имајте на ум дека станува збор за возрасни личности кои треба сами да се грижат за своето здравје. Не можете да им го контролирате однесувањето. Значењето може да биде поедноставно. Ако сте се чешлале пред спиење, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за чешел

Чешел е забест предмет кој служи за стилизирање и нега на коса.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg