Абажур

Term Main definition
Абажур

Успех во задачите или во работата – ненадејно успешно деловно патување. Ако сонувате паднат абажур: неисплатлива работа.

Што значи да сонувате абажур?

Ако сонувате абажур

Сонувањето абажур е знак дека ќе доживеете успех или во работата или во задачите.  Работата во која сте вложиле многу време и пари наскоро ќе почне да ви се исплатува. 

Заслужено ќе уживате во плодовите на вашиот труд.  На претпоставените сте им дале до знаење дека можат да ви веруваат и да се потпрат на вас. Пред вас се јавува можност да заминете на деловно патување кое ќе ви донесе многу понуди и стручно усовршување. 

Многу сте задоволни, бидеќи согледувате дека сите ваши одрекувања имале смисол. Чувствувате елан и со задоволство ги исполнувате сите зададени задачи. Зголемената самодоверба позитивно влијае и врз вашиот приватен живот.

Паднат абажур

Паднат абажур на сон ве предупредува да престанете да  вложувате во работата која нема перспектива.  Силната желба за успех и за докажување резултира со брзоплетост на деловниот план.

Ако имате приватен бизнис, не сте го истражиле пазарот детално, па често ви се случува да потрошите повеќе отколку што заработувате. Поради тоа се чувствувате лошо и сфаќате дека нема да можете уште долго да работите на овој начин.  Не ги земајте предвид добронамерните совети кои ги добивате од пријателите.

Ако сте подигнале кредит или пак сте се задолжиле, можно е да се соочите со големи финансиски проблеми.

Ламба или лустер со абажур

Доколку сонувате ламба или лустер со абажур под кои излегува светлина, ќе решите проблеми кои долго време ви причинувале главоболка.  Ситуацијата конечно ќе почне да се одвива во ваша полза , а истовремено ќе имате доволно енергија да ги исполните сите задачи кои ви стојат на патот.

Меѓутоа, ако сонувате дека светлото одоздола е угаснато, можни се мали несогласувања со член на семејството или со колега од работа. Недоразбирањето и повремената нетрпеливост во приватните односи, како и љубомората помеѓу колегите конечно ќе достигнат кулминација. Меѓутоа, нема простор за загриженост, бидејќи тоа нема да влијание врз вашето секојдневие.

Абажур на прозорец

Ако на сон видите абажур или стреа на излог или прозорец ќе запознаете личност која би можела да го промени вашиот живот. Станува збор за влијателен човек кој е подготвен да ви помогне доколку го прифатите неговиот совет.

Бел абажур

Бел абажур значи дека конечно ќе слушнете добри вести од драга личност од странство. Постои можност да ви се јави шанса да патувате во странство. Белиот абажур најчесто има позитивно значење.

Црн абажур

Ако сте сонувале црн абажур, веројатно потсвесно тагувате поради пропуштена шанса. Конечно ќе соберете храброст да донесете значајни одлуки и сами да си го одредите понатамошниот тек на животот.

Свесни сте дека тоа нема да биде лесен зафат и дека можеби нема да ја добиете поддршката од околината, меѓутоа од голема важност ви е да ги превземете конците на вашиот живот и да го направите она што мислите дека е најдобро за вас.

Црвен абажур

Симболизира сомнеж во верноста во партнерот. Комуникацијата со парнерот не е идеална, чувствувате дека од ден на ден се повеќе се оддалечувате. Тој/таа се однесуваат како да кријат нешто и не се обидуваат да разговараат за нештата кои ве мачат.

Најдобро би било да го промените пристапот и да ги ставите сите карти на маса. На долгорочен план, ваквата ситуација не може да резултира со позитивен исход, бидејќи недостатокот на комуникација и неискреност влијае врз нашата психа.

Жолт абажур

Нечија љубомора или завист би можеле да ви донесат неволја. Вашиот успех на приватниот и деловниот план не останал незабележан. Ако неодамна сте сонувале жолт абажур, во вашиот живот постои личност која многу ви завидува.

Бидете свесни дека не можете ништо да промените и најдобро би било да се подготвите за можни неволји. Не дозволувајте тоа да ви ги наруши плановите.

Шарен абажур

Можна добивка во игри на среќа. Уплатете ливче.

Ако добиете абажур за подарок

Ќе се израдувате поради среќата на другиот. Пријател или член на семејството ќе каже радосна вест.

Ако подарите абажур

Обидете се да го намалите стресот. Секојдневниот притисок кој го чувствувате поради работата или недостатокот на работа како и финансиските средства силно влијае врз вашето здравје, иако сте свесни дека не можете да си помогнете себеси. 

Важно е да се обидете да го намалите нивото на стресот, бидејќи би можело да донесе лош исход, а тогаш на списокот секојдневни грижи ќе морате да додадете уште една, онаа најсериозната.

Ако стоите под абажур

Се чувствувате осамено. Иако сте опкружени со луѓе понекогаш не наидувате на разбирање од околината за своите постапки. Се трудите да не ве забележат другите луѓе, но бидете сигурни дека ако продолжите да  се однесувате така, состојбата ќе биде очигледна. Обидете се да пронајдете хоби кое ве исполнува или да разговарате со личност во која имате најмногу доверба.

Ако скршите абажур

Ако сонувате како кршите абажур, тоа значи дека се плашите дека тајната што ја чувате ќе биде разоткриена.

Веројатно сте во право, но последиците од разоткривањето нема да бидат толку страшни како што замислувате. Обидете се да се опуштите и да дозволите работите да си одат по свој тек.

Ако запалите абажур

Ако сонувате како палите абажур, ќе влезете во расправија со пријателите кои сметаат дека немате разбирање за нив и дека не им посветувате доволно внимание.

Ако, пак, сонувате дека некој друг пали абажур, ќе влезете во тајна врска која знаете дека нема да биде потполно прифатена од најблиските.

Дефиниција за абажур

Абажур е штит на апаратите за осветлување кој управува со светлосните зраци одозгора надолу. Абажур, исто така, може да биде стреа над прозорците и излозите, која заштитува од сонцевите зраци.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg