Грешки со кои им го скратувате „животниот век“ на електронските уреди

Ги оставате уредите на директна сончева светлина

Избегнувајте да ги оставате електронските уреди на директна сончева светлина. Веројатно претпоставувате дека причината е ризикот од прегревање.

greshki-so-koi-im-go-skratuvate-zhivotot-na-elektronskite-uredi-06.JPG

Не внимавате каде го полните смартфонот

Повторно грешка што може да предизвика прегревање на уредот. Додека го полните смартфонот, можеби сте забележале дека тој малку се загрева и ова е нормално.

Но ако го ставите под перница или го покриете со нешто, температурата може да стане многу висока, па не го правете тоа никогаш.

greshki-so-koi-im-go-skratuvate-zhivotot-na-elektronskite-uredi-07.JPG

Оставате батеријата на смартфонот целосно да се испразни

Целосното празнење на батериите на модерните смартфони ги „троши“ и им го намалува капацитетот. Затоа, не дозволувајте вашиот телефон да се исклучи пред да го ставите на полнач.

Наводно, најдобро е да го наполните телефонот кога батеријата ќе стигне до 30%, а некои производители препорачуваат и да не чекате да се наполни до 100%, туку до околу 90%.

Сепак, не постои точно правило во врска со процентите, но избегнувајте да чекате да се исклучи.

greshki-so-koi-im-go-skratuvate-zhivotot-na-elektronskite-uredi-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg