10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд
Planet Earth II
Уште една документарна серија, но овојпат со фокус на разновидноста на живиот свет.
Со волшебните снимки од секоја област на планетата, Planet Earth II ќе ви помогне да научите многу за Земјата, но и ќе ве натера да ја цените и чувате природата повеќе.
The Haunting of Hill House
Ако сте расположени за хорор, нема да погрешите со The Haunting of Hill House.
Главните ликови се членови на семејство кои пораснале во куќа која со текот на времето станала една од најопседнатите во државата.
Како возрасни, тие се присилени да се соочат со минатото, но и со злото што демне во куќата.
The Dropout
Серијата со Аманда Сејфрид во главната улога е инспирирана од вистинската приказна на Елизабет Холмс.
Елизабет се отпишува од факултет за да отвори технолошка компанија, по што станува еден од најголемите измамници од поново време.
Mrs. America
Историската драма Mrs. America има одлична актерска екипа, и би требало да ја изгледа секоја жена.
Серијата е инспирирана од феминистичкото движење во САД од 1970-тите и борбата на жените за нивните права.
Mare of Easttown
Кејт Винслет глуми детективка која истражува убиство во мал град.
Во меѓувреме, пробува да се справи со своите проблеми во животот, вклучувајќи ја смртта на син ѝ.
https://www.youtube.com/watch?v=5jnBIROdoms
Спирова С. | Црнобело