Лоши навики на брзиот живот

losi-naviki-na-brziot-zivot-povekjeОвие пет навики се почести кај оние кои внимаваат на своето здравје. А, токму заради нив и се дебелеат. Ослободете се од својата дневна рутина...


...и намалете ги масните наслаги. Ќе се поправи и нарушеното здравје.

losi-naviki-na-brziot-zivot

1. Дехидрирани сте. Дехидрацијата го забавува метаболизмот. А, тоа го отежнува и слабеењето. Не чекајте да ви се исуши грлото. Наместо тоа, често пијте вода.

2. Често јадете надвор. Храната во рестораните е полна со маснотии, соли и шеќери – токму тие и даваат убав вкус на храната и затоа се продава. Јадете многу и често. Направете си салата дома, ќе се најадете далеку подобро.

3. Не сте наспани. Ве мачи несоница, но сепак во текот на денот пиете по неколку кафиња. Три часа пред да одите во кревет никако јадење ниту пиење кафе. Полесно ќе заспиете и ќе внесете помалку калории.

4. Мислите дека брзиот животен стил топи калории. Стресот напротив ве задебелува. Предизвикува зголемување на количината хормон кортизол во крвта кој го забавува метаболизмот и доведува до потреба за храна (емоционално прејадување). Се поврзува со собирање на маснотиите во пределот на стомакот.

5. Вие сте на авто-пилот вежби. Секој пат кога вежбате ги правите истите вежби. Истите справи, истиот ритам, подеднакво долго. Заради овие рутини, напредокот или ќе се забави или ќе застане. Телото се привикнува на тој напор и престанувате да слабеете. Менувајте ја брзината и интензитетот. Менувајте ги и вежбите.

Би можело да ве интересира:

Што е хемангиом кај бебе – зошто се појавува и дали е опасен? Хемангиомот е мек, издигнат израсток на површината на кожата на бебето. Хеман...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
8 знаци кои укажуваат на проблеми со менталното здравје кај жените (и зошто се посклони на нив) Женскиот мозок и начинот на којшто се третирани во општеството се едни од фактор...
10 рани, предупредувачки знаци за мултипла склероза кои е добро да ги знаете Трнење на екстремитетите, проблеми со рамнотежата и замаглен вид… Трнење на е...
Жени кои на 30 години дознале дека имаат АДХД ги откриваат симптомите: „Зборување без престан, тешко... „Отсекогаш се чувствував поразлично од другите, секогаш се чувствував како чудак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Нежноста и љубезноста не се знаци на слабост и очајание, туку манифестација на сила и решителност.
Халил Џубран (1883-1931)