Загорка и Мартин - семејство од Скопје кое секоја година со децата кампува во Грција: „Камперскиот живот е рај за нас“

Покрај капењето и играњето со песок, децата овде ја имаат можноста да се дружат со своите врсници во текот на целиот ден, да истражуваат, да возат велосипеди, тротинети, да играат разни игри со топка, криенка и многу други. Во текот на целиот ден тие постојано се активни, па навечер заспиваат брзо и лесно.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-14.jpeg

Камповите се познати по тоа дека за ручек често се приготвува риба или месо на скара, морски плодови, а за наша среќа имаме пријатели со одлични кулинарски вештини, со кои заедно подготвуваме храна и ручаме.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-06.jpeg

Мојот сопруг обожава да приготвува риба на скара која ни е омилена, а честопати знаеме да седнеме во околните таверни кои нудат одлични грчки специјалитети.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-07.jpeg

Навечер се подготвуваат палачинки и разни слатки за децата и се споделуваат помеѓу соседите, па забавата и радоста за нив е непроценлива

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-21.jpeg

Во овој дел од соседна Грција престојуваат голем број Македонци, така што среќни сме што овде кампуваат и многу наши пријатели со кои секојдневно се дружиме, но постојано стекнуваме и нови.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-18.jpeg

Исто така, сакам да нагласам дека тука Македонците и Грците отсекогаш негувале одлични меѓусебни односи и функционираат како едно големо семејство.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-03.jpeg

Навечер знаеме да прошетаме на шеталиштето покрај камповите, како и околните гратчиња Платамона и Лептокарија, каде има многубројни локали кои нудат забава за целото семејство.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-22.jpeg

Како поддржувачи на здравиот и активен начин на живот, овде се разбира практикуваме и многубројни физички активности, вежбаме, трчаме, возиме СУП даски, а во непосредна близина се наоѓа и планината Олимп, која претставува предизвик за сите вљубеници во планинарењето.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-24.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ива од Скопје за одморот на Малдиви со две мали деца: „Сменивме 3 авиони и глисер, патот е напорен, ... „Патувавме скоро 24 часа, летавме од Белград, сменивме 3 авиони и плус глисер до...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Битолчанката Дивна 13 години работи на брод: „Од аниматор за деца стигнав до директор на одделот, Ма... „Со оглед дека во Македонија беше тешко да се добие работна позиција по завршува...
Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg