Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи?

Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популарна затоа што овозможува да консумирате храна колку сакате, а да слабеете. Но, кои се негативните ефекти што треба да ги знаете пред да почнете да ја држите оваа диета?

shto-e-keto-dieta-kolku-e-bezbedna-i-koj-ne-smee-nitu-da-pomisli-da-ja-drzhi-01.jpg

Во последните неколку години во светот сѐ поголем замав зема таканаречената кето диета, која се прослави токму заради тоа што станува збор за план за исхрана со којшто не гладувате, а слабеете.

Станува збор за план на исхрана кој се базира на внесување ниско ниво на јаглехидрати и високо ниво на масти, па затоа ја споредуваат со аткинсовата диета.

Што е кетоза?

Оваа диета вклучува драстично намалување на јаглехидрати во исхраната и нивна замена со масти, заради што телото се става во посебна состојба на метаболизмот, позната како кетоза.

Кога ова ќе се случи, се верува дека телото (наместо јаглехидрати) почнува да ги согорува мастите за да добие енергија, а мастите се претвораат во кетони кои одат до црниот дроб и на тој начин обезбедуваат доволно енергија за мозокот.

shto-e-keto-dieta-kolku-e-bezbedna-i-koj-ne-smee-nitu-da-pomisli-da-ja-drzhi-02.jpg

За да се постигне ова, потребно е нивото на јаглехидрати во исхраната да се намали на 20 до 50 грама дневно, а да се консумира многу повеќе месо, риба, јајца, јаткасти плодови и здрави масла.

Се смета дека е потребно да се контролира и количината на внесување протеини кои може да се претворат во гликоза кога ги консумирате во големи количества, па тоа може да го забави процесот на кетоза.

Постојат одредени тестови на крвта и на урината што може да помогнат да се утврди дали телото го започнало процесот на кетоза, така што се мери нивото на кетони кои ги произведува организмот.

Главните симптоми и промени што може да ги почувствувате откако ќе влезете во кетоза се:

  • Зголемено чувство за жед;
  • Сува уста;
  • Честа потреба за мокрење и
  • Намалено чувство на глад или немање апетит.

shto-e-keto-dieta-kolku-e-bezbedna-i-koj-ne-smee-nitu-da-pomisli-da-ja-drzhi-07.jpg

Дали се слабее со оваа диета?

Се смета дека кето диетата е ефективен начин за да се загубат килограми и да се намалат ризичните фактори за појава на голем број болести.

Главната придобивка од овој начин на исхрана е тоа што го намалува нивото на шеќери во крвта и нивото на инсулин, а на луѓето најчесто им се допаѓа тоа што губат килограми без да бројат калории или да внимаваат премногу на количината на храна што ја внесуваат.

Исто така, се покажало дека може да го намали крвниот притисок и нивото на триглицериди во крвта.

Со оглед на тоа што таа била креирана за да им помогне на пациентите кои имаат болести поврзани со невролошкиот систем како епилепсија, се смета дека оваа диета е одлична во превентива и за: срцеви заболувања, рак, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест...

Освен што има големи здравствени придобивки, се смета дека со помош на кето диетата се слабее побрзо и побезбедно, па според некои тврдења, постои можност да загубите и до 20 килограми во 3 месеци.

Исто така, според нутриционистите, кето диетата е поефикасна од диетите со гладување кои имаат јо-јо ефект и често се случува луѓето брзо да ги вратат килограмите што ги загубиле.

shto-e-keto-dieta-kolku-e-bezbedna-i-koj-ne-smee-nitu-da-pomisli-da-ja-drzhi-05.jpg

На следната страница повеќе за негативните страни на диетата...



Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg