Строги правила што треба да ги следат гостите на Мет гала

Гостите не смеат да ја одбијат поканата

Секако, оние кои ќе ја одбијат поканата сигурно нема да бидат казнети, но треба да бидат свесни дека никогаш повеќе нема да бидат поканети.

„Знам луѓе кои одлучиле да не се појават бидејќи биле зафатени или не им се допаѓала темата.

Но, штом ќе ја одбиете поканата, веќе никогаш нема да бидете поканети, освен ако не сте некоја од најмоќните и најпопуларните личности“, има изјавено извор.

А, гостите кои ќе добијат покана, не треба само да се појават, туку треба да си ја платат и влезницата која чини од 50.000 долари нагоре, во зависност од местото на седење.

strogi-pravila-shto-treba-da-gi-sledat-gostite-na-met-gala-08.jpg

Поканетите гости можат да дојдат со непоканета личност, но само ако одобри Ана

Ако некој е поканет на Мет галата, може да донесе некој друг со себе. Но, само ако Ана Винтур го одобри тоа.

„Ана има целосна контрола. Никој не може да влезе на настанот освен ако не одобри таа.

Има легенда дека Ана е одговорна за листата со гости, но и за листата со гостите што ги носат поканетите гости“, има изјавено биографот на уредничката.

strogi-pravila-shto-treba-da-gi-sledat-gostite-na-met-gala-09.jpg

Социјалните мрежи се забранети

Штом се забранети телефоните, нормално дека се забранети и социјалните мрежи. Поради ова, тешко дека ќе видите Инстаграм Стори од некоја позната личност додека е на настанот.

А, веројатно гостите немаат ни време за социјални мрежи бидејќи секоја минута од настанот е испланирана.

Кога пристигнуваат, присутните позираат на црвениот тепих и даваат интервјуа.

Откако ќе влезат во музејот, има коктел забава, а гостите имаат можност да ја разгледаат изложбата.

Потоа има вечера, како и забавна програма.

strogi-pravila-shto-treba-da-gi-sledat-gostite-na-met-gala-10.jpg

Сите гости мораат да седат кога почнува забавната програма

За време на забавната програма, сите гости мораат да седат, без исклучоци. Јавноста дозна за ова правило благодарение на Ким Кардашијан.

Во 2019 година, ријалити ѕвездата се појави на настанот во многу тесен фустан. И, иако изгледаше одлично, воопшто не можела да седи во него.

Па, кога сите гости седнале, Ким продолжила да стои, по што Ана испратила некој да ја прекори и да седне.

Наводно, тогаш уредничката попуштила бидејќи Ким немала опција освен да стои.

strogi-pravila-shto-treba-da-gi-sledat-gostite-na-met-gala-11.jpg

И персоналот мора да следи строги правила

Ана Винтур сака сè да е „под конец“ на настанот, па ни персоналот не е ослободен од строги правила.

„Не дај боже некој од персоналот да е дебел или да не изгледа убаво – ќе го избркаат“, има изјавено еден од биографите на Ана Винтур.

strogi-pravila-shto-treba-da-gi-sledat-gostite-na-met-gala-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 ситници за кои гостите ќе ви замерат (но нема да ви ги кажат во лице) За влакната од милениците на мебелот, за тоа што ги „криете“ од нив слатките кои...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
8 правила за бон-тон однесување на плажа, кои културните луѓе ги знаат и во сон Не ги преместувајте лежалките од бич барот кадешто престојувате на начин кој вам...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg